Транспорт - категорија

свртница повеќе

мн. свртници
Вид збор: Именка, женски род
Направа, механизам што овозможува премин на шински возила (воз, трамвај) од еден колосек на друг.
Англиски: switch

свртничар повеќе

мн. свртничари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ракува со свртница.
Англиски: switchman

седумка повеќе

мн. седумки
Вид збор: Именка, женски род
Превозно средство, обично автобус, трамвај, тролејбус што има број седум.
Примери:
Сега ќе дојде седумката.

секстант повеќе

мн. секстанти
Вид збор: Именка, машки род
Агломерен инструмент кој се користи во морепловството и авијацијата.
Англиски: sextant

селење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
селидба
Англиски: move
Примери:
Селењето не измачи.

сели повеќе

селат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пренесува на друго место на живеење, преселува.
Англиски: move Албански: shpërngul
Примери:
Присилно ќе го селат од старата куќа.

селидба повеќе

мн. селидби
Вид збор: Именка, женски род
селење
Англиски: move
Примери:
Селидба во нов стан.

селидбен повеќе

селидбена
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на селидба.
Примери:
Селидбени трошоци.

семафор повеќе

мн. семафори
Вид збор: Именка, машки род
Сигнален уред за регулирање на сообраќај.
Англиски: traffic light Албански: semafor
Сигнален апарат на брег.
Англиски: semaphore Албански: semafor
Примери:
Затворен семафор.

скеларина повеќе

(едн.) скеларината
Вид збор: Именка, женски род
Такса што се плаќа за превозот со скеле.

скеле повеќе

мн. скелиња
Вид збор: Именка, среден род
Чун со кој се врши префрлање преку река, кораб.
Англиски: ferry Албански: ferribot, trap
Примери:
Се префрлија со скеле.

скелеџија повеќе

мн. скелеџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што пренесува со скеле.
Англиски: bargeman Турски: iskelecı

скелеџиски повеќе

скалеџиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на скелеџија.

скутер повеќе

мн. скутери
Вид збор: Именка, машки род
вид мотоцикл
Англиски: scooter Албански: skuter

совозач повеќе

мн. совозачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што седи покрај возачот или го користи моторното возило заменувајќи го возачот.
Англиски: co-driver
Примери:
Совозач загина во тракторска несреќа.

сообраќа повеќе

сообраќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши сообраќај.
Англиски: operate
Примери:
Автобуси не сообраќаат на таа линија.

сообраќаен повеќе

сообраќајни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сообраќај.
Англиски: traffic
Примери:
сообраќајно средство

сообраќаец повеќе

мн. сообраќајци
Вид збор: Именка, машки род
Полициско лице што го регулира сообраќајот.
Англиски: traffic police

сообраќај повеќе

(едн.) сообраќајот
Вид збор: Именка, машки род
транспорт
Англиски: traffic Албански: trafik, komunikacion
Примери:
железнички сообраќај

сообраќајка повеќе

мн. сообраќајки
Вид збор: Именка, женски род
сообраќајна незгода или сообраќајна несреќа
Англиски: traffic accident
Примери:
Речиси секој ден се случува по некоја сообраќајка.

сообраќајница повеќе

мн. сообраќајници
Вид збор: Именка, женски род
Важен пат за сообраќајот, артерија.
Англиски: traffic artery
Примери:
Главните сообраќајници на градот.

сообраќање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сообраќа
Англиски: trafficking

спедитор повеќе

Види и: шпедитер (м.)
мн. спедитори
Вид збор: Именка, машки род
шпедитер
Англиски: forwarder Француски: spediteur

спедиција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
шпедиција
Англиски: forwarding company

станица повеќе

мн. станици
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што запираат возови и други превозни средства.
Англиски: station Албански: stacion
Примери:
Возот влезе во станицата.

станичен повеќе

станична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на станица.
Примери:
Станична зграда.
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш