Физика - категорија

балистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува законите за движењето на проектилите.
Англиски: ballistics Албански: balistikë
Примери:
Денес балистиката е многу развиена во САД.

балистичар повеќе

мн. балистичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со балистика.
Албански: balist
Примери:
Тој е најдобар балистичар.

бар повеќе

мн. барови
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење воздушен притисок.
Англиски: bar Албански: bar
Примери:
милибар

барометар повеќе

мн. барометри
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина.
Англиски: barometer Албански: barometër

бестежински повеќе

бестежинскиот
Вид збор: Придавка
без тежина, без гравитација
Англиски: weightless Албански: i papeshë
Примери:
Астронаутите се во бестежинска состојба.

биофизика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за физичките процеси во живите организми.
Англиски: biophysics Албански: biofizika

бозон повеќе

мн. бозони
Вид збор: Именка, машки род
Класа на елементарни честички.
Англиски: boson
Примери:
Хигсовиот бозон е пронајден во ЦЕРН во 2012 година.

боја повеќе

мн. бои
Вид збор: Именка, женски род
Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот.
Англиски: color Турски: boya Албански: ngjyrë
Примери:
За килимот употребуваше волна во различни бои.

бран повеќе

мн. бранови
Вид збор: Именка, машки род
Придвижување на маса во некаква средина или физичко поле во одредени интервали.
Англиски: wave Албански: valë, rrymë
Примери:
Радиобранови.

брзина повеќе

мн. брзини
Вид збор: Именка, женски род
Во механиката - однос на изминатиот пат на едно тело спрема единица време.
Англиски: speed Албански: shpejtësi
Примери:
Се движи со сто километри на час.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ