Физика - категорија

магнет повеќе

мн. магнети
Вид збор: Именка, машки род
Тело што има својство да привлекува железо, челик и други метални предмети.
Англиски: magnet Албански: magnet
Направа што го покажува правецот север - југ.
Англиски: compass Албански: kompas, busull

магнетен повеќе

магнетниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на магнет, што има својство на магнет.
Англиски: magnetic Албански: magneti, magnetik
Примери:
магнетна игла

магнетизам повеќе

(едн.) магнетизмот
Вид збор: Именка, машки род
Својство на некои тела да привлекуваат железо и други метали; магнетна сила.
Англиски: magnetism Албански: magnetizëm
Дел од физиката што ги изучува магнетните појави.
Англиски: magnetism Албански: magnetizmi

магнетизира повеќе

магнетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предизвикува дејство на магнетизам.
Англиски: magnetize Албански: magnetizoj

манометар повеќе

мн. манометри
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на притисокот на течни или гасовити тела во затворен простор.
Англиски: pressure gauge Албански: manometër

маса повеќе

мн. маси
Вид збор: Именка, женски род
Мера за инерција на едно тело, единица за маса е грам и килограм во интернационалниот систем на мерки; тежина на телата при мирување.
Англиски: mass Албански: masë

масен повеќе

масиниот
Вид збор: Придавка
Вкупниот број протони и неутрони во еден атом на некој елемент.
Англиски: mass number Албански: mase, sasie
Примери:
масен број

материја повеќе

мн. материи
Вид збор: Именка, женски род
Тоа од што е составено физичко тело.
Англиски: matter Албански: materje
Примери:
органска материја

мегават повеќе

мн. мегавати
Вид збор: Именка, машки род
Еден милион вати.
Англиски: megawatt
Примери:
моќност од 50 мегавати

мегатон повеќе

Види и: тон (м.)
мн. мегатони
Вид збор: Именка, машки род
Еден милион тони.
Англиски: megaton

мегахерц повеќе

мн. мегахерци
Вид збор: Именка, машки род
еден милион херци
Англиски: megahertz

мери повеќе

мерат
Вид збор: Глагол, несвршен
Определи степен, силина, броен износ на нешто.
Англиски: measure Албански: mat
Примери:
Мери притисок.

метар повеќе

мн. метри
Вид збор: Именка, машки род
Основна единица за мерење должина еднаква на 100 сантиметри.
Англиски: meter Албански: metër

метеорологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за физичките и за хемиските својства на атмосферата и за временските промени.
Англиски: meteorology Албански: meteorologji

метро повеќе

мн. метра
Вид збор: Именка, среден род
(мн. метра) метар
Англиски: meter Албански: metër

механика повеќе

мн. механики
Вид збор: Именка, женски род
Дел од физиката што ги проучува законите на силата, движењето и рамнотежата на телата.
Англиски: mechanics Албански: mekanika

микробран повеќе

мн. микробранови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од електромагнетниот спектар кој е сместен помеѓу радиобрановите и инфрацрвените зрачења, неопходен за работа на телевизорот, телефонот и за пренесување на податоци меѓу страните на Земјата и меѓу Земјата и сателитите, бран со бранова должина помала од 10 см.
Англиски: microwave Албански: mikrovalë

микробранов повеќе

микробрановиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на микробран.
Албански: mikrovale

микрограм повеќе

мн. микрограми
Вид збор: Именка, машки род
милионски дел од грам
Англиски: microgram
Примери:
Концентрацијата на честичките прашина во Скопје изнесува 64 микрограми на кубен метар.

микросекунда повеќе

мн. микросекунди
Вид збор: Именка, женски род
Милионски дел од секундата.
Англиски: microsecond

микроскоп повеќе

мн. микроскопи
Вид збор: Именка, машки род
Оптичка направа што служи за зголемување, се користи за проучување предмети и микроорганизми што не можат да се видат со голо око.
Англиски: microscope Албански: mikroskop
Примери:
Електронски микроскоп.

милибар повеќе

Види и: бар (м.)
мн. милибарови
Вид збор: Именка, машки род
Единица мерка за атмосферски притисок.

минута повеќе

мн. минути
Вид збор: Именка, женски род
Мерна единица за време еднаква на шеесет секунди.
Англиски: minute Албански: minutë

млаз повеќе

мн. млазови
Вид збор: Именка, машки род
Паралелно течење на честичките од течност или гас.
Англиски: jet Албански: curril, çurg

модул повеќе

мн. модули
Вид збор: Именка, машки род
Коефициент карактеристичен за некое својcтво.
Англиски: module Албански: modul

мол повеќе

мн. молови
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење количество материја. Основна единица во меѓународниот систем (SI) на мерни единици. (симбол: mol)
Латински: mol Англиски: mol
Примери:
Еден мол е количество супстанција во кое се содржат ист број единки (атоми, молекули или јони) колку што се содржат во 12g од изотопот на јаглерод.

молња повеќе

мн. молњи
Вид збор: Именка, женски род
Нагло електрично празнење во атмосферата проследено со светлина.
Англиски: flash Албански: rrufe, vetëtimë

моќност повеќе

Види и: моќ (ж.)
(едн.) моќноста
Вид збор: Именка, женски род
Величина што го определува количеството енергија на моторите, што може да се произведе, складира и сл.
Англиски: power Албански: fuqi
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ