Физика - категорија

единица повеќе

мн. единици
Вид збор: Именка, женски род
Големина, мерка според која се мерат други големини (за тежина, должина итн.)
Англиски: unit Албански: njësi

ек повеќе

Види и: екот (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Звук што се слуша, што се шири.
Англиски: echo
Примери:
бучен ек, далечен ек

експлозија повеќе

мн. експлозии
Вид збор: Именка, женски род
Избувнување, распрснување со силен звук и тресок.
Англиски: explosion Албански: eksplozion
Примери:
големата експлозија

ексцентричен повеќе

ексцентричниот
Вид збор: Придавка
Што нема ист заеднички центар; што се оддалечува од центарот.
Англиски: eccentric Албански: ekscentrike

електрицитет повеќе

(едн.) елетрицитетот
Вид збор: Именка, машки род
Една од основните особини на материјата, обусловена од заемното дејство и од движењето на атомските честички, која се манифестира со низа електрични и магнетни појави.
Англиски: electricity Албански: elektricitet
Примери:
Атмосферски електрицитет.

електричен повеќе

електричниот
Вид збор: Придавка
Што се засновува на електрицитет, што е во врска со електрицитет.
Англиски: electric Албански: elktrik
Примери:
електрична енергија

електрода повеќе

мн. електроди
Вид збор: Именка, женски род
Електричен спроводник низ кој влегува или излегува електрицитет од електричен елемент.
Англиски: electrode Албански: elektrodë

електродинамика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од науката за електрицитетот што го проучува движењето и дејствувањето на електричната струја и појавите поврзани со неа.
Англиски: electrodynamics Албански: elktrodinamika

електромагнет повеќе

мн. електромагнети
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за добивање силни магнетни полиња.
Англиски: electromagnet Албански: elektromagnet
Железо што станало магнетно под дејство на електрицитет.
Англиски: electromagnet Албански: elektromagnet

електромагнетен повеќе

електромагнетниот
Вид збор: Придавка
Појава, процес или (обично) бран со магнетно својство предизвикано од влијанието на електрицитетот.
Англиски: electromagnetic Албански: elektromagnetik
Примери:
Електромагнетни бранови (радио бранови, обична видлива светлина, ултравиолетова светлина, инфрацрвена светлина, рендгенски зраци, гама-зраци).

електромагнетизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Однос меѓу електричните и магнетните појави
Англиски: electromagnetism Албански: elektromagnetizëm
Наука што се занимава со проучување на заемното дејство меѓу електричните и магнетните појави.
Англиски: electromagnetism Албански: elektromagnetizmi
Магнетизам појавен под дејство на електрицитет.
Англиски: electromagnetism Албански: elektromagnetizëm

електрон повеќе

мн. електрони
Вид збор: Именка, машки род
Една од основните честички на материјата, носител на негативниот електрицитет што кружи околу позитивно наелектризираното јадро во атомот.
Англиски: electron Албански: elektron

електроника повеќе

(едн.) електрониката
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со движењата на атомот во електричното и во магнетното поле и со практичната примена на тие процеси.
Англиски: electronics Албански: elktronika

емисија повеќе

мн. емисии
Вид збор: Именка, женски род
Испуштање, испраќање светлинска, звучна, електрична енергија, електромагнетски бранови и сл.
Англиски: emission Албански: dërgim, emitim
Примери:
Емисија на гама-зраците.

енергетика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од физиката што ги проучува својствата на енергијата.
Англиски: energetics Албански: energjetika

енергија повеќе

(едн.) енергијата
Вид збор: Именка, женски род
Својство на материјата да врши движење.
Англиски: energy Албански: energji
Примери:
Топлинска енергија.

енталпија повеќе

(едн.) енталпијата
Вид збор: Именка, женски род
Збир на внатрешната енергија на материјата и производот од нејзината зафатнина и притисок.
Англиски: enthalpy

ентропија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мерка за хаосот во еден систем.
Англиски: entropy Албански: entropi

етер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воздушно пространство, небесен простор.
Англиски: air Албански: eter, ajr
Примери:
Јасен етер.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ