оркестар м.

оркестар (м.)

Оваа работа во оркестарот подоцна му била од голема корист во компонирањето.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Тој поставил преседан, кој подоцна Вагнер го развил – користејќи го човечкиот глас како алатка, како инструмент кој ги исполнува барањата на уметноста, како да е дел од оркестарот.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Бетовен бил назначен да свири на виола, и оваа врска со оркестарот му била од непроценлива важност на многу начини.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Шарениот тамбурашки оркестар уште со првите акорди почна да ги разгалува срцата на трите дами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу од овие последниве биле префинети изведувачи, кои редовно учествувале во концертите на нивните сопствени оркестри.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Гинеколозите сигурно ќе уживаа да не свиреше истовремено и оркестарот со лимени инструменти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Што не стори да стапи во некој од тамошните оркестри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Благодарејќи на него, ресурсите на оркестарот се прошириле, пијаното добило поголем тонски опсег, а човечкиот глас бил предизвикан со задачи кои тогаш изгледале недостижни.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Но, не се изведувале само опери; биле изведувани и драми, а поврзаноста со оркестарот му овозможила интимно запознавање со ремек-делата на литературата, што многу влијаело на неговата понатамошна кариера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Така ја слушавме и гледавме целата приредба. Најмногу ме восхити мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Трубите на градскиот оркестар се изморија. Уште само барабаните се слушаа. Најпосле и нивното баботење се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој тука останал две години, потоа свирел виола во оркестарот уште неколку години.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Низ приредбата се редеа стихотворби и песни за училиштето, учителката, другарството и на крајот хорот, оркестарот и сите присутни ја исполнија песната - Децата сакаат МИР!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ритамот на ресторанските оркестри на далечните отворени тераси го полнеше свежиот воздух на градот, разбуден по целодневниот дремеж на жешкиот ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Држеле мал оркестар за изведба на музиката што му се допаѓала и за неговите сопствени композиции.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Музиката, во една или во друга форма, била главна забава на подобрите класи, од кои оние најбогатите држеле свој приватен оркестар.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Извесно нарушување настапи на немузички план: петорката фати да ни се разнишува. Веќе по првото отсуствување поради оркестарот Љупчо ни замери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе