оркестар м.

оркестар (м.)

Шарениот тамбурашки оркестар уште со првите акорди почна да ги разгалува срцата на трите дами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гинеколозите сигурно ќе уживаа да не свиреше истовремено и оркестарот со лимени инструменти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Што не стори да стапи во некој од тамошните оркестри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така ја слушавме и гледавме целата приредба. Најмногу ме восхити мандолинскиот оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Трубите на градскиот оркестар се изморија. Уште само барабаните се слушаа. Најпосле и нивното баботење се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Низ приредбата се редеа стихотворби и песни за училиштето, учителката, другарството и на крајот хорот, оркестарот и сите присутни ја исполнија песната - Децата сакаат МИР!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ритамот на ресторанските оркестри на далечните отворени тераси го полнеше свежиот воздух на градот, разбуден по целодневниот дремеж на жешкиот ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Извесно нарушување настапи на немузички план: петорката фати да ни се разнишува. Веќе по првото отсуствување поради оркестарот Љупчо ни замери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оркестарот свири, а јас си поттропнувам со прстите, удирам на столот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оркестар поставен на мал подиум во дното на просторна, свечено накитена сала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наставничката Зага возбудена раководеше со хорот и оркестарот - изведоа ракатка народни песни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Минав крај построените војниците, следен од звуците на туниската химна, која ја изведуваше воениот оркестар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вратата се отвара со тресок, и сега во позадина јасно се слушаат звуците на блех оркестар, како полека се загрева.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И веднаш на првиот час доживеав пријатно изненадување: во оркестарот ја видов СОЊА.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ме радува што оркестарот се зголемува“ рече наставникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Според легендата, генералот Пиколомини на блиската планина Водно со својата војска под звуците на посмртен марш на воениот оркестар ја посматрал смртта на градот, а на австрискиот цар Леополд му пишувал дека решил, не од срце, да го закопа градот во пепел, со згради какви не видел, со џамии од најдобар мермер, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, убави старини, градини...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе