ака (несв.)

Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тогаш некогаш дојдоа и селските говеда, со кои оној акаше по планините, забирајќи ги од средсело уште веднаш по кревањето на росата и враќајќи ги во вечерите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оти песната е талкач Верен придружник и соговорник од патеките на умот Ака по беспатици а штом ќе пристигне дома Прошетува по одајата со погледот на домакинката тргната да го крене пердето за да помуабети со Ѕвездите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Додека српските четници акаа низ селата, комитите им одеа постапница неодавајќи им се, а кога тие сами влегоа во клопка во куќата Акиноска, комитите фатија пусија и чекаа да излезат однатре, а кога тие излегоа, ги дочекаа со Горе рацете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или во друштво на Јована Акиноски акаше низ ливаѓето, низ мртвиците, низ бавчите и му помагаше во собирањето бубачки, жаби и тревишта. Или пладнувше покрај изворите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекогаш, кога ќе му останеше во планините некоја заделена крава, што забегнала од стршенот, или останала расипана од дивината, оној продолжуваше да ака по неа и во вечерите, заедно со нејзиниот стопан со едно фенерче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А кој ќе работи? - Сус, бре! Зарем затоа акаме по планините и се бориме против империјализмот, за да работиме?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Та затоа акам толку години по планињето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од Мустафа ефенди барал заштита, барал војска да оди со него кога ака по селава, божем за да врши црковни работи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога акаше по светот не пушташе абери, со години, ме остави со една рожба, песот!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)