аман (изв.)

- Замислено смршти веѓи, истри чело, подзамижа очи, аман никако да ѝ текне во кој град живее синот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ви се молам... аман... Што мислите со нас? ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Една азган, аман господи, ама јас по тие скали, толку високо не можам да се искачам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Аман, ќерко златна, зашто ни оган не го гори тоа што можеш да го запалиш ти, со таа твоја убавина што Тој златен ти ја има дадено, и затоа само јас самата си знаев како се дочував, ни копче на градите да не ми се откопча, зашто дури и ветре што лист на гранка не подмрднува процеп можеше да ми најде на голо да ме заскокотка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Аман, бегот ни ја грабна невестата... Падна пред коњот на пашата белокоса старица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му го давам јајцето и го молам - аман, заман, - да ми даде малку шеќер. Само едно грутче. Меѓу два прста да фати и да ми даде. - За лек, му велам, за од зарек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па уште кога ќе чујам зад мене: аман, од овие Егејчишта, нигде не ги собира!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој првин запре на заемката аман (од арапско потекло), употребувана со значење на барање милост, но во потесните текстови изразува радост, задоволство, болка или тага.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно сакаат да излезам, ама-наа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никифор Абазовски, земајќи ме во заштита, почна да си мрмори: — Аман од тоа братство и единство, вели, кога никој не те сака за брат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Се фатил Итар Пејо за глава, пак слегол од магарето што го јавал, ја ничкосал главата и почнал да плаче, вика, туфка, аман Господи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Аман, рекле жените, името се дава за цел живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Удривме - ние вино, тој коњак, ние вино, тој коњак, никој аман не дава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СТЕВО: Јас сум син ти Стево, а ова е мажот ти Димитре и аман кажи му да дозволи да ја продадеме куќава за да стокмиме пристојна пара и да се скрасиме на некое друго место.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ништо лошо не ви чинам, аман, аман, не ви чинам! (го пушта куферчето на миндерот и ги става рацете во џебовите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: — Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аман, од овие муви!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе