генерално (прил.)
Лонецот со вода се грееше на огништето и мајка ми со тенџерче ми истураше полека од истата, а јас седната во длабокото дрвено корито со миризливиот сапун генерално се триев и миев.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во поглед на работната атмосфера – условите за работа во организацијата беа генерално добри.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одлуката за градба на хидроцентралите беше генерално донесена од врвот, но мораше да се сообрази и со науката, а луѓето да се припитомат за новите подвизи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кон крајот на 1941 дошло до разбивање и расформирање на партизанските одреди, но тоа не значело и отстапување од генерално прифатената линија за оружена борба против окупаторот и колаборационистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Неговите дела генерално се определуваат како дел од јужноамериканскиот магичен реализам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Било да се поврзани генерално со авангардата или со нејзините манифестации какви што се надреализмот и експресионизмот, односите помеѓу танцот, индивидуалитетот и новите изразни форми (на ниво на текст или цртеж) се мошне видливи во романот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Меѓучовечките односи во фирмата, генерално, може да се опишат како сосем коректни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Генерално гледано кецељата беше поврзана со тогашната доминантна идеологија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Сепак генерално, секој сакаше да има своја шамија и мислам дека многу лесно можеше да ги убеди родителите да не прават економија на овој соц-реалистички артефакт.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јавниот простор постојано се произведува преку „дијалектика на вклученост и исклученост, ред и неред, рационалност и нерационалност, насилство и мирно несогласување“.84 Иако јавниот простор генерално се смета како помалку или повеќе отворен за јавно учество, тој не е ослободен од регулација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
За разлика од нас, Балканците, Американците генерално се оптимисти.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Јас се најдов малце во небрано, ама сега ми немаше назад: - Па не знам, луѓето се генерално гневни на Америка и на улогата на светски џандар што си ја презема...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сеприсутната граница: безбедност, надзор и зонирање Сѐ поголем број на аналитичари денес тврдат дека глобализацијата (која генерално се карактеризира со зголемување на меѓузависноста и меѓуграничните интеракции46) ја намалува важноста на меѓународните граници како основни политички институции.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Иако редовно плаќа членарина таа, генерално, не е запознаена со работата на синдикатот, ниту пак е активно вклучена во некакви синдикални активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Генерално, како Синдикатот така и правната служба во истиот, се финансира од членарина што вработените во ССМ редовно ја плаќаат – како и сите останати работници во останатите сектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Терминот ‘border’ обично се користи при дискутирањето за психолошките разлики и при потенцирањето на региони а не линии повлечени на географски карти. ‘Frontier’ генерално се однесува на територијалната експанзија на нациите или цивилизациите во дотогаш „празни“ области. ‘Border- land’ обично се смета дека означува регион во рамките на една држава што е под значително влијание на меѓународна граница.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Генерално имаше стапици што ги поставуваше полициската централна, имаше стапици што ги поставуваа самите емигранти, коишто се плашеа самите да не се најдат во нив,по секоја цена да ја покажат својата лојалност кон власта, наместо тоа да го покажуваат за други времиња, кога ќе престане да им се верува.
„Граница“
од Луан Старова
Зошто е тоа така? Најпрвин, земено генерално, вие во книгата не ги именувате ниту местата, ниту ликовите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)