симбол (м.)

Завршуваше и пледоајето за овој симбол на османското единство и владеење во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А и персоналот носи капи од кучешки кожи за распознавање и како симбол на Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Но јас не сум историчарот во стихови на Палестина! Ниту сакам да бидам симбол. Не сакам да го носам тоа бреме!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во сепарето на демократијата ќе го читаш синопсисот на неоколонијалистичките метаморфози - како се преобразува терорист во херој. Софистицираното зло над народите е симбол на високоразвиените демократии.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За човекот зборовите се повеќе од ортографски слики или фонетска целина, и поради неизбежната лингвистичка конвенција, зборовите како симболи на јазикот, не можат да се одделат од значењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ве видов во сонот кај лоша фортуна од алчност во гибел ко симбол ве турка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И овде можеме да повлечеме аналогија со вербална игра во која крај зборот коло може да се стави симболот +- за да прецизира дека станува збор за струјно коло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Јас, воопшто, болката ја ценам за најнеморален белег низ еволуцијата на човекот; за најпонижувачки симбол на човековата автентичност: Бев опседнат од овие страдања и сам во ретки мигови јас се префрлав на теми и поинакви од оние кои ме измачуваа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И немаше крај на радоста на Чанга кога од една книга откри дека козата во Индија е симбол на основната праисконска супстанција – пракрити и мајка на светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Симболите на архитектурата ги слават и ги испитуваат прашањата на исчезнувањето и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Козите во овој роман стануваат симбол во одбраната на човекот од сталинистичкиот тоталитаризам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Употребените симболи и мотиви добро ги отсликуваат идеолошките апсурди, судбината на опозицијата или пошироко патот на паѓањето на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога те слушам, мој пријателе Камилски, размислувам дека баклавата може да се смета за еден од ретките симболи што сведочи за подемот и падот на Османската империја! Не разбирам како?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе