person - онтологија

глава повеќе

мн. глави
Вид збор: Именка, женски род
поединец, лице
Албански: person
Примери:
Во таа борба паднаа најхрабрите глави.

лице повеќе

мн. лица
Вид збор: Именка, среден род
единка, личност
Албански: individ
Примери:
стручно лице
Личност, лик, јунак во драмско, во уметничко дело.
Албански: personazh
Употреба: Книжевен збор , Литература
Примери:
главно лице
Граматичка категорија кај заменките и глаголите со која се означува личноста која зборува (1. л.), соговорникот (2. л.) и личноста или предметот за кој се зборува (З. л.).
Албански: vetë
Употреба: Граматика

личност повеќе

мн. личности
Вид збор: Именка, женски род
Човекот како носител на духовни квалитети и на трајни, доследни манифестни особини со кои се изделува како единка и cе разликува од другите во општествената заедница.
Албански: personalitet
Примери:
Го гледаше како расте, се развива и станува зрела личност.
Човек со углед; угледна, истакнато лице.
Албански: personalitet
Примери:
личност од политиката
Лице, лик, карактер во книжевно дело.
Албански: personazh, protagonist
Употреба: Литература

персона повеќе

мн. персони
Вид збор: Именка, женски род
личност, особа
Албански: person
Употреба: Иронично , Книжевен збор
(за жена или маж) Физички крупна личност.
Албански: grua ose burrë hijerandë
Употреба: Разговорно
Примери:
Таа е персона.

човек повеќе

мн. луѓе
Вид збор: Именка, машки род
Како одделно лице, како некој.
Албански: individ
Примери:
Колку луѓе ти требаат за утре?
Означува лице за кое се карактеристични особините изразени со другата именка - може и со предлогот „од“.
Албански: personalitet
Примери:
човек на уметноста