било
мн. била
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 13161
1.
планински гребен
Примери:
Се качува по билото над селото.
Летото го поминав по скрките и билата.
Слично со:
гребен (м.)
2.
Највисоко поставена греда од покривот на куќата.
Примери:
Кај некои стари селски градби сѐ уште стои украсот врз билото.
Кога влезе во куќата, старецот седна на билото.
Од долното било надолу е долниот крај на куќата.
3.
Дрво што е поставено попречно, прицврстено за рамката од разбојот и служи за поголема стабилност.
Секој разбој има две била.