вика
викаат; викал, викала, викало; викале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 193
3.
Кара, прекорува, му упатува прекор (забелешки) на некого.
Англиски:
blame
Албански:
i bërtas, e qortoj
Учителот вика само по мене.
Слично со:
прекорува (несв.)
4.
Повикува, кани некого.
Англиски:
invite
Албански:
ftoj, thërras
Нè викаат на гости в сабота кај соседите.
Слично со:
кани (св. и несв.)
6.
Именува, нарекува (со име, прекар, назив).
Примери:
Оваа река ние ја викаме Сува Река.
Слично со:
нарекува (несв.)
8.
(се вика) Се именува, името ми (ти, му...) е.
Примери:
Јас се викам Трајко, а мојата жена се вика Ката.
Оваа планина се вика Китка.
Слично со:
именува (св. и несв.)
Изведенки
викање ср.
глаг. им.
глаг. им.