единица
мн. единици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 928
2.
Последната цифра во повеќецифрените броеви, класа на единици.
3.
Најниска, слаба оценка во образованието.
Слично со:
кец (м.)
4.
Тој или таа што е означено со бројката еден (играч во спортот натпреварувач, превозно средство, просторија).
Албански:
njëshi, i pari
5.
Големина, мерка според која се мерат други големини (за тежина, должина итн.)
6.
Дел од некаква целина, изделен поради посебноста на делокругот на дејноста, неговите специфични задачи, цели и сл.
Примери:
воена единица
пешадиски единици
противпожарна единица
производствена единица
7.
Определен составен дел, елемент од некој систем, множество, збир.
Примери:
јазична единица
методска единица
речничка единица
библиографска единица
Слично со:
единка (ж.)
8.
единствена ќерка
Англиски:
only daughter
Албански:
e vetme, hasreti
Синоќа ја свршив ќерка ми, мојата единица.