а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

комбинација

мн. комбинации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3199
1. Спој, соединување на еднородни или разнородни предмети, елементи и нивно поставување во определен ред.
Англиски: combination Албански: kombinim
Примери:
Комбинација на зборови од различни зборовни групи.
Гласовна комбинација.
2. Смислување начин како да се оствари нешто.
Англиски: combination Албански: kombinim
Примери:
Ги слушаше комбинациите што може да им донесат пари.
3. маневра, итрина, досетливост
Англиски: combination Албански: kombinim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со таа комбинација победи во шах.