насока
мн. насоки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1630
1.
Правец на движење или на некое друго дејство.
Англиски:
direction
Албански:
kahje, drejtim
Едни возеа во насока на аеродромот, други обратно.
Во далечината на реката се нишаа чунови чијашто насока не можеше да се определи.
Слично со:
правец (м.)
2.
План, цел, карактер на развојот на некоја дејност.
Примери:
Насока на работата.
Насоки на развојот на градинарството.
Насоки и тенденции во современата музика.
Уметнички насоки и стилови.
Слично со:
тренд (м.)
3.
Во школството - програма за образование во определен тип занимање.
Примери:
математичка насока
јазична насока
Слично со:
програма (ж.)