а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сцена

мн. сцени
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 649
1. Специјално пригодено поиздигнато место за настап на артисти.
Англиски: stage Албански: skenë
Употреба: Сцена
Примери:
Иако првпат настапува, тој се движеше слободно на сцената.
2. (само едн.) Театар, театарска дејност.
Англиски: theater Албански: teatër
Употреба: Сцена
Примери:
Целиот свој живот тој го помина на сцената.
Таа беше родена за сцена.
3. Одделен дел од чин, слика.
Англиски: entrance Албански: hyrje
Употреба: Сцена
Примери:
Тој се јавува првпат во втората сцена на првиот чин.
4. Одделна епизода во литературно дело.
Англиски: episode Албански: epizodë
Употреба: Литература
Примери:
Многу ми се допадна сцената кога се сретнаа двајцата херои.
5. настап, глетка
Англиски: scenery Албански: pamje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пред негови очи се одигра таа сцена.
6. скандал
Англиски: scandal Албански: skandal
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа секогаш му правеше сцени.
7. Поле на дејност, поприште; обично во состав со глаголите: стапи, симне се, јави се и сл.
Примери:
Тој стапи на сцената кон крајот на минатиот век.
Тогаш се јави на сцената ново име.