Граматика - категорија

самогласен повеќе

самогласна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на самогласка.
Англиски: vocal
Примери:
Самогласна основа.

самогласка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Звук што се изговара со слободно поминување на издишната струја низ устата.
Англиски: vocal
Примери:
акцентирани самогласки.

сврзник повеќе

мн. сврзници
Вид збор: Именка, машки род
Збор што се употребува за сврзување на зборови и реченици.
Англиски: conjunction

сврзнички повеќе

сврзничка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сврзник.
Примери:
Сврзничка функција.

свршен повеќе

свршени
Вид збор: Придавка
Кој изразува свршено дејство.
Англиски: perfect
Примери:
Свршен вид на глаголот.

сингулар повеќе

(едн.) сингуларот
Вид збор: Именка, машки род
еднина
Англиски: singular

сингуларен повеќе

сингуларни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сингулар.
Англиски: singular
Примери:
Сингуларни форми.

синкопа повеќе

мн. синкопи
Вид збор: Именка, женски род
Испуштање на еден или повеќе гласови во средината на зборот.
Англиски: syncope Албански: sinkopë

синтагма повеќе

мн. синтагми
Вид збор: Именка, женски род
Целосна синтактична интонационо-смисловна единица составена од два или повеќе збора со конкретно значење.
Англиски: syntagm
Примери:
бистар ум

синтакса повеќе

синтаксата
Вид збор: Именка, женски род
Строежот на реченицата и начините на врзувањето на зборовите во реченицата.
Англиски: syntax Албански: sintaksë
Дел од граматиката што ја изучува реченицата и начините на врзувањето на зборовите во реченицата.
Англиски: syntax Албански: sintaksë

синтаксичен повеќе

Види и: синтактичен (прид.)
синтаксична
Вид збор: Придавка
синтактичен
Англиски: syntactic

синтактичен повеќе

синтактична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синтакса.
Англиски: syntactic
Примери:
синтактична анализа

синтактички повеќе

Види и: синтаксичен (прид.)
синтактичкиот
Вид збор: Придавка
синтактичен
Англиски: syntactic

синтетичен повеќе

синтетични
Вид збор: Придавка
При што односите во реченицата се изразуваат со формите на самите зборови.
Англиски: synthetic
Примери:
синтетични јазици

скратеница повеќе

мн. скратеници
Вид збор: Именка, женски род
Скратено пишување на некои зборови.
Англиски: abbreviation Албански: shkurtesë
Примери:
ЕУ, ОН, НАТО
Условно скратување на зборови при пишувањето.
Англиски: abbreviation Албански: shkurtesë
Примери:
итн., и сл., т.е., и др.

слог повеќе

мн. слогови
Вид збор: Именка, машки род
Еден или повеќе гласови што се изговараат со едно издишување на воздух.
Англиски: syllable Албански: rrokje
Примери:
Акцентот паѓа на третиот слог од крајот.

слоговен повеќе

слоговна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слог; кој може да образува слог.
Примери:
Слоговно р.

сложенка повеќе

мн. сложенки
Вид збор: Именка, женски род
сложен збор
Англиски: compound word
Примери:
полициски час, мораво рокче, коњска мува

смекнат повеќе

смекнати
Вид збор: Придавка
палатализиран
Примери:
смекнати согласки

смекне повеќе

смекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори тврда согласка во мека, палатализира.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
Самогласката „е“ ќе ги смекне согласките „к, г, х“.
(се смекне) се палатализира
Англиски: weaken Албански: palatizoj
Примери:
Тврдите согласки се смекнале.

согласен повеќе

согласни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на согласка.
Англиски: consonant Албански: bashkëtingëllore
Примери:
согласни групи

согласка повеќе

мн. согласки
Вид збор: Именка, женски род
Глас што се изговара со шум и обично не може сам да образува слог.
Англиски: consonant
Примери:
тврди согласки
Буква со која се бележи таков глас.
Англиски: consonant

сонант повеќе

мн. сонанти
Вид збор: Именка, машки род
Согласка при изговорот на која гласот е посилен од шумот.

сонантен повеќе

Види и: сонант (м.)
сонантна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сонант.

составен повеќе

составни
Вид збор: Придавка
дел од реченици
Англиски: compound
Примери:
составни реченици

споредбен повеќе

споредбениот
Вид збор: Придавка
Кој изразува споредба, кој служи за споредба.
Примери:
Споредбени сврзници.

срастенка повеќе

мн. срастенки
Вид збор: Именка, женски род
Сложен збор што се формира со непосредно срастување на два збора, при што се чува меѓусебниот синтактички однос на зборовите и нивните флексиски елементи.
Англиски: compound

степен повеќе

мн. степени
Вид збор: Именка, машки род
Споредување на придавките или кај некои други видови зборови при означување особина или својство.
Англиски: degree Албански: shkallë
Примери:
втор споредбен степен - компаратив

степенува повеќе

Види и: степен (м.)
степенуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изменува придавка или друг вид збор по степен.
Албански: komparim, shkallëzim, krahasim

струен повеќе

струјни
Вид збор: Придавка
Што настанува со струење.
Албански: energjike
Примери:
струјни гласови
фрикативен
Примери:
струјни согласки

субјект повеќе

мн. субјекти
Вид збор: Именка, машки род
подмет
Англиски: subject Албански: kryefjalë, subjekt

субординација повеќе

мн. субординации
Вид збор: Именка, женски род
Зависен однос меѓу речениците.

суперлатив повеќе

(едн.) суперлативот
Вид збор: Именка, машки род
Втор, последен поредбен степен.
Англиски: superlative

суперлативен повеќе

суперлативна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на суперлатив.
Англиски: superlative

супстантив повеќе

мн. супстантиви
Вид збор: Именка, машки род
именка
Англиски: substantive

супстантивен повеќе

супстантивна
Вид збор: Придавка
именски
Англиски: substantival

супстантивизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
супстантивизирање, поименчување
Англиски: substantivization

супстантивира повеќе

Види и: супстантивизира (св. и несв.)
супстантивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
поименчи, поименчува
Англиски: substantivize

суфикс повеќе

мн. суфикси
Вид збор: Именка, машки род
наставка, завршок
Англиски: suffix

суфиксен повеќе

суфиксна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на суфикс.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш