vocal - онтологија

вокал повеќе

мн. вокали
Вид збор: Именка, машки род
Глас што се изговара без допир меѓу деловите на усната празнина така што воздушната струја поминува слободно.
Албански: zanor
Употреба: Лингвистика
Пејач во музички состав.
Албански: vokal, vokalist
Употреба: Музика и танц
Примери:
Триото е составено од двајца инструменталисти и еден женски вокал.

вокален повеќе

вокалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вокал
Употреба: Граматика
Примери:
Вокалниот сегмент е носител на слогот.
Што се пее или е направен за пеење.
Употреба: Музика и танц
Примери:
Вокален концерт.

гласен повеќе

гласни
Вид збор: Придавка
Што создава глас.
Употреба: Анатомија
Примери:
Гласни жици.

гласовен повеќе

гласовниот
Вид збор: Придавка
Што е составен од гласови, што се однесува на гласови.
Примери:
гласовен систем

самогласен повеќе

самогласна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на самогласка.
Употреба: Граматика
Примери:
Самогласна основа.

самогласка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Звук што се изговара со слободно поминување на издишната струја низ устата.
Употреба: Граматика
Примери:
акцентирани самогласки.