Граматика - категорија

велар повеќе

мн. велари
Вид збор: Именка, машки род
Заднонепчена согласка (к, г, х).

вокален повеќе

вокалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вокал
Англиски: vocal
Примери:
Вокалниот сегмент е носител на слогот.

вокализација повеќе

мн. вокализации
Вид збор: Именка, женски род
Претворање на полуглас или на согласка во вокал.
Англиски: vocalization Албански: vokalizim

вокатив повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Форма на именката што служи за повикување или за обраќање.
Англиски: vocative

вокативен повеќе

Види и: вокатив (м.)
вокативниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вокатив.
Англиски: vocative
Примери:
Вокативна форма.

време повеќе

мн. времиња
Вид збор: Именка, среден род
Граматичка категорија со која се определува глаголското дејство во однос на моментот на говорењето.
Латински: tempus Англиски: time
Примери:
минато време, сегашно време, идно време
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш