Медицина - категорија

аберација повеќе

мн. аберации
Вид збор: Именка, женски род
неприродност
Англиски: deviation Албански: devijim

абнормален повеќе

абнормалниот
Вид збор: Придавка
Што отстапува од нормалното.
Англиски: abnormal Албански: jonormal
Примери:
абнормален раст

абортус повеќе

мн. абортуси
Вид збор: Именка, машки род
Предвремен прекин на бременост.
Латински: abortus Англиски: abortion
Примери:
Спонтан абортус.

А-витамин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
витамин А
Англиски: vitamin A
Примери:
Витаминот А е првиот откриен витамин.

авитаминоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заболување предизвикано од недостиг на витамини во организмот.
Англиски: avitaminosis

авитаминозен повеќе

Види и: авитаминоза (ж.)
авитаминозниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на авитаминоза.
Примери:
авитаминозна болест

автизам повеќе

автизмот
Вид збор: Именка, машки род
Психичко растројство на личноста со екстремно повлекување од надворешниот свет; неспособност да се контактира со другите.
Англиски: autism
Примери:
Порано се сметаше дека аутизмот не е толку честа појава, но сега е четири пати почеста.

автист повеќе

мн. автисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што боледува од автизам; што ја изгубил врската со реалноста.
Англиски: autist
Примери:
Истражувачите открија дека автистите имаат потежок мозок.

автоимун повеќе

автоимуниот
Вид збор: Придавка
Што е против сопствениот имун систем.
Англиски: autoimmune
Примери:
автоимуни заболувања

автосугестија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Моќ на уверување на самиот себеси, влијание врз самиот себе.
Англиски: autosuggestion

автохипноза повеќе

мн. автохипнози
Вид збор: Именка, женски род
Психолошка состојба предизвикана со автосугестија.
Англиски: autohypnosis
Примери:
Автохипнозата настанува кога некоја личност самата се хипнотизира.

аглутинација повеќе

аглутинацијата
Вид збор: Именка, женски род
слепување, згрутчување
Англиски: agglutination Албански: ngjitje
Примери:
Аглутините предизвикуваат аглутинација (слепување) на туѓи клетки.

агонија повеќе

мн. агонии
Вид збор: Именка, женски род
Состојба без свест непосредно пред смрт.
Англиски: agony Албански: agoni
Примери:
Пред да умре, во агонија, го побара да го види.

адолесцент повеќе

мн. адолесценти
Вид збор: Именка, машки род
Лице во периодот на адолесценција.
Англиски: adolescent

адолесценција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пубертет, периодот од почетокот на пубертетот до настанувањето на зрелоста.
Англиски: adolescence Албански: adoleshencë
Примери:
Периодот на адолесценција изобилува со физички промени.

адреналин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Хормон на надбубрежната жлезда.
Англиски: adrenaline

аеростат повеќе

мн. аеростати
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за инхалација.

аерофобија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Паничен страв од летање.
Англиски: aerophobia

акна повеќе

мн. акни
Вид збор: Именка, женски род
Кожна болест во вид на брончиња и гнојници.
Латински: Acne vulgaris Англиски: acne
Примери:
Лицето и беше цело со акни.

акупунктура повеќе

(едн.) акупунктурата
Вид збор: Именка, женски род
Начин на лекување болести со забодување игли во кожата, примен од традиционалната кинеска и јапонска медицина.
Англиски: acupuncture
Примери:
Со помош на акупунктура тој ослабнал десет килограми.

акутен повеќе

акутни
Вид збор: Придавка
Што се развива и завршува брзо.
Англиски: acute
Примери:
акутна болест

акушерка повеќе

мн. акушерки
Вид збор: Именка, женски род
Лекарка, медицинско лице специјализирано за породување.
Англиски: midwife

акушерски повеќе

акушерскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на акушер, акушерка и акушерство.
Англиски: antenatal
Примери:
Акушерски оддел.

акушерство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Медицинска дејност што го опфаќа предродилниот и родилниот период кај жените.
Наука за предродилниот и родилниот период.

акушира повеќе

акушираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Помага, асистира при породување.

албинизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вроден недостиг на пигменти во кожата кај луѓето и животните, поради што кожата и влакната изгледаат бели, а очите црвени.
Англиски: albinism
Примери:
Вроден недостиг на меланин е албинизам.

алвеола повеќе

мн. алвеоли
Вид збор: Именка, женски род
Вдлабнатина во која се наоѓа забот.
Латински: alveolus Англиски: alveolus
Мали меурчиња во белите дробови.
Латински: alveolus Англиски: alveolus
Примери:
Зошто некој без срце сече, пробива, бетонира, асфалтира и ги прекинува алвеолите на скопските бели дробови.

алерген повеќе

мн. алергени
Вид збор: Именка, машки род
Состојка што предизвикува алергија.
Англиски: allergen
Примери:
список на алергени

алергија повеќе

мн. алергии
Вид збор: Именка, женски род
Пречувствителност на организмот на извесни материи.
Англиски: allergy
Примери:
Ме фаќаше алергија секоја пролет.

алергичар повеќе

мн. алергичари
Вид збор: Именка, машки род
Пациент што страда од алергија.
Англиски: allergic
Примери:
алергичар на полен

алергичен повеќе

алергичниот
Вид збор: Придавка
Што страда од алергија, што покажува алергија.
Англиски: allergic

алиенација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Душевно, психичко растројство.
Англиски: alienation Албански: tjetërsim
Примери:
Дијагнозата е алиенција во прва фаза.

алкохолизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Претерано консумирање алкохол, проследено со постојано труење на организмот.
Англиски: alcoholism
Примери:
Во државата има голем процент на алкохолизам.

алкохоличар повеќе

мн. алкохоличари
Вид збор: Именка, машки род
Зависник од алкохол, тој што претерано пие алкохол, пијаница.
Англиски: alcoholic

Алцхајмер повеќе

Вид збор: Име
Алојз Алцхајмер (1864-1915), германски лекар кој прв идентификувал патолошка атрофија на мозокот што води до потполна деменција и губење на идентитетот.
Англиски: Alzheimer Германски: Alzheimer

амбуланта повеќе

мн. амбуланти
Вид збор: Именка, женски род
Здравствена установа за прием на болни и за укажување лекарска помош без задржување.
Англиски: clinic Албански: klinikë
Примери:
забна амбуланта
Подвижна или полска болница.
Англиски: military hospital Албански: spital ushtarak

амбулантен повеќе

амбулантрни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на амбуланта.
Англиски: ambulant
Примери:
Амбулантно лекување.

амнезија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Губење на способноста за паметење.
Англиски: amnesia
Примери:
По несреќата човекот имаше амнезија.

ампула повеќе

мн. ампули
Вид збор: Именка, женски род
Херметички затворено стаклено шишенце со лек, раствор, серум за инјекција.
Англиски: ampoule Албански: ampulë

ампутација повеќе

мн. ампутации
Вид збор: Именка, женски род
Хируршко отстранување на дел од телото.
Англиски: amputation Албански: amputim
Примери:
Во хируршкиот центар докторите му извршија ампутација на едната нога.

ампутира повеќе

ампутираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува ампутација.
Англиски: amputate

ампутиран повеќе

Види и: ампутира (св. и несв.)
ампутираниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) ампутира
Англиски: amputated
Примери:
ампутирана дојка

анаболик повеќе

мн. анаболици
Вид збор: Именка, машки род
Препарат што го зголемува стврањето на мускули во организмот.
Англиски: anabolic drug
Примери:
Тој користел забранети анаболици за време на тренингот.

анаболичен повеќе

анаболичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на анаболици.
Англиски: anabolic
Примери:
анаболичен стероид

аналгезија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Губење чувство за болка.
Англиски: analgesia

аналгетик повеќе

мн. аналгетици
Вид збор: Именка, машки род
Средство за смирување на болка.
Англиски: analgesic

анален повеќе

аналниот
Вид збор: Придавка
Во врска со задникот.
Англиски: anal
Примери:
анален отвор

анамнеза повеќе

мн. анамнези
Вид збор: Именка, женски род
Историја на болеста; податоци за поранешната здравствена состојба на болниот.
Англиски: anamnesis

анатом повеќе

мн. анатоми
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по анатомија
Англиски: anatomist

анатомија повеќе

анатомијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува составот и градбата на живите суштества.
Англиски: anatomy Албански: anatomi
Примери:
Анатомија на човекот.

ангина повеќе

мн. ангини
Вид збор: Именка, женски род
Воспаление на грлото, особено на крајниците.
Англиски: tonsillitis
Примери:
Нема висока температура, некоја настинка е, треска, некоја ангина.

андроген повеќе

андрогени
Вид збор: Придавка
Што предизвикува или има машки особини.
Англиски: androgenic
Примери:
андрогени црти

андроид повеќе

мн. андроиди
Вид збор: Именка, машки род
Лек за третман на недостаток на тестостерон кај мажите, стероид со хемиско име метилтестостерон.
Англиски: methyltestosterone Албански: android

анемија повеќе

мн. анемии
Вид збор: Именка, женски род
малокрвност, слабокрвност
Англиски: anemia Албански: anemi

анемичен повеќе

анемичниот
Вид збор: Придавка
Што боледува од анемија.
Англиски: anemic
Примери:
Анемичен човек.

анестезија повеќе

(едн.) анестезијата
Вид збор: Именка, женски род
Постапка при хируршки зафати кога на болниот му се дава опојно средство за да се изгуби достапот на сетилните дразби до некое сетило, при што се губи чувството за болка.
Англиски: anesthesia Албански: anistezi
Примери:
Локална анестезија.

анестезиолог повеќе

Види и: анестетичар (м.)
мн. анестезиолози
Вид збор: Именка, машки род
анестетичар
Англиски: anesthetist

анестезиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината, наука за анестезијата.
Англиски: anasthesiology

анестезира повеќе

анестезираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава некому анестезија.
Англиски: anesthetize

анестетик повеќе

мн. анестетици
Вид збор: Именка, машки род
Средство, лекарство што предизвикува привремено губење на чувството за физичка болка на телото или на некој негов дел.
Англиски: anesthetic
Примери:
Во болницата му дале некој силен анестетик и тој не чувствувал ништо.

анестетичар повеќе

мн. анестетичари
Вид збор: Именка, машки род
Лекар, специјалист кој ја извршува анестезијата.
Англиски: anesthetist
Примери:
При неговата операција учествуваа најдобрите анестетичари во државава.

анодин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Средство за ублажување болки.
Англиски: anodyne

анорексија повеќе

(едн.) анорексијата
Вид збор: Именка, женски род
Од физички или психички причини, болна склоност кон слабеење.
Англиски: anorexia
Примери:
Анорексијата во однос на полот почесто се јавува кај жените отколку кај мажите.

антиалергичен повеќе

антиалергичниот
Вид збор: Придавка
Што е против алергија.
Англиски: antiallergic
Примери:
антиалергични таблети

антибактериски повеќе

антибактериска
Вид збор: Придавка
Што е против бактерии.
Англиски: antibacterial
Примери:
антибактериска крема

антибиотик повеќе

мн. антибиотици
Вид збор: Именка, машки род
Лек што го уништува развојот на микроорганизмите.
Англиски: antibiotic
Примери:
Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги уништат патогените микроорганизми или да го спречат нивниот раст или размножување, без притоа да предизвикаат позначајни штети на домаќинскиот организам.

антидепресив повеќе

мн. антидепресиви
Вид збор: Именка, машки род
лек против депресија
Англиски: antidepressant
Примери:
Антидепресиви, иако некогаш им требаа, не користеа.

антиневралгик повеќе

мн. антиневралгици
Вид збор: Именка, машки род
Средство против болки.
Англиски: analgesic

антиневралгичен повеќе

антиневралгичниот
Вид збор: Придавка
Што е против болки, служи за смирување болки.
Англиски: analgesic
Примери:
антиневралгичен препарат

антипиретик повеќе

мн. антипиретици
Вид збор: Именка, машки род
Средство против висока телесна температура.
Англиски: antipyretic

антисептик повеќе

мн. антисептици
Вид збор: Именка, машки род
средство за дезинфекција
Англиски: antiseptic
Примери:
Чајот од камилица може се употребува како антисептик.

антитело повеќе

мн. антитела
Вид збор: Именка, среден род
Противотров што се создава во организмот за одбрана од болест.
Англиски: antibody
Примери:
Антигените се молекули на кои телото реагира со производство на антитела, високоспецифични протеини познати и како имуноглобулини.

антитоксин повеќе

мн. антитоксини
Вид збор: Именка, машки род
противотров
Англиски: antitoxin
Примери:
Антитоксините ги неутрализираат отровите на инфективните агенси.

антитуберкулозен повеќе

антитуберкулозни
Вид збор: Придавка
Што е против туберкулозата.
Примери:
антитуберкулозна вакцина

антракс повеќе

(едн)
Вид збор: Именка, машки род
Црн пришт, заразна болест кај животните и кај луѓето.
Англиски: antrax

антропоид повеќе

мн. антропоиди
Вид збор: Именка, машки род
Суштество во човечка форма.
Англиски: anthropoid

ап повеќе

мн. апови
Вид збор: Именка, машки род
Лек во вид на плочка, таблета.
Англиски: tablet Турски: hap
Примери:
Зема по два апа на ден.

апоплексија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
удар, мозочен удар, шлог
Латински: apoplexia Англиски: apoplexy Албански: apopleksi, pikë

апоплектичар повеќе

мн. апоплектичари
Вид збор: Именка, машки род
Пациент со опасност од мозочен удар или што веќе претрпел мозочен удар.
Англиски: apoplectic

апсцес повеќе

мн. апсцеси
Вид збор: Именка, машки род
Гноен оток, гноење.
Англиски: abscess

аптека повеќе

мн. аптеки
Вид збор: Именка, женски род
Продавница во која се подготвуваат и се продаваат лекови.
Англиски: pharmacy

аптекар повеќе

мн. аптекари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што подготвува и што продава лекови.
Англиски: pharmacist

аритмија повеќе

мн. аритмии
Вид збор: Именка, женски род
Неправилност во отчукувањето на срцето.
Англиски: arrhythmia Албански: parregull

артериосклероза повеќе

артериосклерозата
Вид збор: Именка, женски род
Деформирање на артериите како последица на талози.
Англиски: arteriosclerosis
Примери:
Босилокот го намалува таложењето на артериите и делува против артериосклероза.

артритис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на зглобовите.
Англиски: arthritis
Примери:
Хроничен артритис.

асептичен повеќе

асептични
Вид збор: Придавка
Што е заштитен од зараза; што е без заразни микроорганизми.
Англиски: aseptic

асептички повеќе

асептичкиот
Вид збор: Придавка
Што спречува зараза, што е против зараза.
Англиски: aseptic
Примери:
Асептички средства.

асимптоматски повеќе

асимптоматскиот
Вид збор: Придавка
Што е без симптоми.
Англиски: asymptomatic
Примери:
асимптоматски носители на вирусот

аспирин повеќе

мн. аспирини
Вид збор: Именка, машки род
Фабричко име за ацетилсалицилна киселина којашто се користи за намалување на зголемена телесна температура и на болки.
Англиски: aspirin

астма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид хронично заболување што се карактеризира со отежнато дишење и задушување.
Англиски: asthma

астматичар повеќе

мн. астматичари
Вид збор: Именка, машки род
Човек болен од астма.
Англиски: asthmatic
Примери:
тежок астматичар

астматичен повеќе

астматичниот
Вид збор: Придавка
Што има астма, што боледува од астма, што потекнува од астма.
Англиски: asthmatic
Примери:
Астматично кашлање.

атрофија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Смалување, слабеење, сушење на некој орган или ткиво поради негова недоисхранетост или долга неактивност.
Англиски: atrophy Албански: atrofi
Примери:
Констатирана е атрофија на едниот бубрег.

атрофира повеќе

атрофираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заостане, заостанува во развојот, не се развие, не се развива нормално.
Англиски: atrophy
Примери:
Органите за варење кај јагулите полека атрофираат во текот на целото патување.

атрофиран повеќе

Види и: атрофира (св. и несв.)
атрофираниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) атрофира
Англиски: atrophied
Примери:
атрофирани гласни жици

аура повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Проширување на свеста што настанува пред епилептички напад.
Англиски: aura Албански: atmosferë, aureolë

аускултација повеќе

мн. аускултации
Вид збор: Именка, женски род
Преслушување на организмот со помош на стетоскоп.
Англиски: auscultation
Примери:
На градниот кош се врши аускултација со стетоскоп, со што се прегледуваат белите дробови и срцето.

аутопсија повеќе

мн. аутопсии
Вид збор: Именка, женски род
Откривање на причината за смрт со сецирање.
Англиски: autopsy Албански: autopsi
Примери:
Hа умрениот му беше извршена аутопсија.

афазија повеќе

мн. афазии
Вид збор: Именка, женски род
Неспособност за зборување, онеменост, намалена способност за разбирање на одделни зборови поради повреда на мозокот.
Англиски: aphasia

афион повеќе

мн. афиони
Вид збор: Именка, машки род
афионски катран
Англиски: opium Албански: opium
Примери:
Пие афион.

афродизијак повеќе

мн. афродизијаци
Вид збор: Именка, машки род
Средство за зголемување на сексуалната моќ.
Англиски: aphrodisiac
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш