мн. абраши
Вид збор: Именка, машки род
Коњ со бело под опашката или на муцката.
мн. ајкули
Вид збор: Именка, женски род
Голема граблива опасна риба со издолжено вретенесто тело и полукружна голема уста на долниот дел од главата; морски пес, морско куче.
Примери:
Го голтна некоја ајкула уште жив.
мн. акрепи
Вид збор: Именка, машки род
скорпија
Примери:
До прозорецот голем сад со акрепи во зејтин.
мн. аксолотли
Вид збор: Именка, машки род
Вид саламандер што живее во Мексико.
мн. албатроси
Вид збор: Именка, машки род
Морска птица што лета на многу големи растојанија над површината на морето.
Примери:
Албатросот прави несмасни движења кога оди, но е елегантен кога лета.
мн. алигатори
Вид збор: Именка, машки род
Вид крокодил што живее во некои реки во Америка и Азија.
Примери:
Во околината на Чарлстон рикањето на алигаторите ја прекинуваше ноќната тишина.
мн. алфа-мажјаци
Вид збор: Именка, машки род
Мажјак што го води стадото, што има највисок ранг во групата.
мн. амеби
Вид збор: Именка, женски род
Најпрост едноклеточен жив организам.
мн. амфибии
Вид збор: Именка, женски род
Водоземец, животно кое живее и на копно и во вода.
Примери:
Амфибијата навлегуваше во таинствениот успиен и студен океан.
мн. анаконди
Вид збор: Именка, женски род
мн. ангори
Вид збор: Именка, женски род
Вид мачка, коза или зајак со долго свилесто влакно.
Англиски:
angora
Албански:
angorë
Примери:
Ангора мачка.
Вид збор: Именка, женски род
Вид мачка со долги свилести влакна.
Примери:
Напудрени ангорки мижуркаат со стаклени очи.
мн. анемони
Вид збор: Именка, женски род
Морски цветни животни од типот на корални полипи, прикрепени за тлото.
мн. антилопи
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропско животно слично на срна што живее во Африка.
мн. Арапи
Вид збор: Именка, машки род
За арапски коњ.
Англиски:
Arab
Албански:
arab
мн. аспиди
Вид збор: Именка, женски род
Вид отровна змија.
Примери:
Во женскиот свет, една од најтешките навреди е за некоја жена да се каже дека е аспида.