Зоологија - категорија

еднокопитар повеќе

мн. еднокопитари
Вид збор: Именка, машки род
Животно со целосно, неразделено копито (коњ, магаре).
Англиски: equid

еднокопитен повеќе

еднокопитниот
Вид збор: Придавка
Што има копито од еден дел, што им припаѓа на еднокопитарите.
Англиски: equid
Примери:
Еднокопитно животно.

еднокрилен повеќе

еднокрилниот
Вид збор: Придавка
Инсект што има еден пар крила.

еднокрилец повеќе

мн. еднокрилци
Вид збор: Именка, машки род
Инсект со еден пар крила.
Албански: insekt me një palë krahë

еж повеќе

мн. ежови
Вид збор: Именка, машки род
Мало животно од редот на цицачите, со боцки, игли по грбот.
Латински: Erinaceus Англиски: hedgehog
Морски еж – мало морско животно со црна боја на иглите.
Латински: Paracentrotus lividus Англиски: urchin

еже повеќе

мн. ежиња
Вид збор: Именка, среден род
еж
Англиски: hedgehog

еја повеќе

мн. еи
Вид збор: Именка, женски род
Граблива птица од семејството на јастреби.
Латински: Circus cyaneus Англиски: hen harrier

елен повеќе

мн. елени
Вид збор: Именка, машки род
Четириножно, тревопасно диво животно од родот копитари (преживари) со разгранети рогови кај мажјакот.
Латински: Cervus elaphus Англиски: deer Албански: dre, kaproll
Примери:
европски елен

ему повеќе

мн. емуа
Вид збор: Именка, среден род
Вид птица слична на нојот, која живее во Австралија.
Латински: Dromaius novaehollandiae Англиски: emu
Примери:
Емуто чекореше по прашливата рамнина.

ергеле повеќе

мн. ергелиња
Вид збор: Именка, среден род
Коњи кога се во група.
Англиски: herd Албански: kope kuajsh
Примери:
Тој сакал да дотера цело ергеле.

еребица повеќе

мн. еребици
Вид збор: Именка, женски род
Полска птица од семејството на фазаните, слична на кокошка, која се лови поради многу вкусното месо.
Латински: Perdix perdix Англиски: partridge
Примери:
Полска еребица.

ешко повеќе

мн. ешковци
Вид збор: Именка, машки род
еж
Англиски: hedgehog
Примери:
Е, бре, крту - му рекол ешко, сега каква работа да фатиме?
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш