уво
мн. уши
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 449
1.
Орган на слухот кај човек и кај животно.
Примери:
Надворешно, средно и внатрешно уво.
Со свои уши го чув тоа.
Со едното уво не слуша.
Ми бучат ушите.
Кое уво ми свири?
Шум во ушите.
Ми ги оглуши ушите.
Од пукотницата ми заглувнаа ушите.
Си ги затна ушите да не слуша.
Му влезе вода в уши.
Вид: орган (м.)
2.
Способност за слушање, слух.
Примери:
Има добро уво - има добар слух.
Пара уши - оглуши.
музикално уво
ловечко уво
Слично со:
слух (м.)
3.
Надворешниот дел од увото.
Примери:
долги уши, мали уши
магарешки уши
Начули уши, нададе уши, наостри уши.
Го тргна за уво.
5.
(обично во мн.) дупка на игла
Примери:
иглени уши
Полесно е камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството божје.
Изрази
(разг.) Од едното уво му влегува, од другото му излегува - набрзо заборава или игнорира.
И ѕидовите имаат уши - некој може да прислушнува.
(посл.) Од уши в уши - од уста в уста, на царот в уши.
Се вцрви до уши - се засрами.