Политика - категорија

играч повеќе

мн. играчи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што добро, успешно се снаоѓа, што е вешт во политиката, во односите и промените во општествениот живот.
Албански: lojtar

идеен повеќе

идејни
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со определена идеја.
Англиски: ideological
Примери:
идеен протагонист

идеолог повеќе

мн. идеолози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што создава, развива некаква идеологија.
Англиски: ideologue
Примери:
Идеолог на народноослободителното движење.

идеологизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
идеологизира, идеологизирање
Англиски: Ideologisation

идеологизира повеќе

идеологизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Внесе, внесува прекумерно или непотребно идеологија во нешто, во некоја дејност.
Англиски: indoctrinate

идеологија повеќе

мн. идеологии
Вид збор: Именка, женски род
Систем од филозофски, политички, правни, морални погледи, идеи што ги изразуваат интересите и односите на општествените класи и слоеви.
Англиски: ideology Албански: ideologji
Примери:
борба на идеологии

избере повеќе

изберат
Вид збор: Глагол, свршен
Се определи за некого (при гласање).
Англиски: elect Албански: zgjedh
Примери:
Советот избра нов директор.

избирлив повеќе

избирливиот
Вид збор: Придавка
Што може да биде избран.
Англиски: electable
Примери:
избирлив кандидат

избор повеќе

мн. избори
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Постапка со која се остварува и се обезбедува организирано учество на граѓаните, односно на избирачите во изборот на политички претставници.
Англиски: election Албански: zgjedhje
Примери:
Избираме пратеници за новиот парламент.

изборен повеќе

изборни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на избор.
Англиски: electional
Примери:
изборна кампања

изгласа повеќе

Види и: гласа (несв.)
изгласаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши гласање.
Англиски: vote
Примери:
Парламентот го изгласа законот.

излезност повеќе

Види и: излезе (св.)
(едн.) излезноста
Вид збор: Именка, женски род
излегување, учество
Англиски: turnout
Примери:
висока излезност на избори

изолационизам повеќе

(едн.) изолационизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка струја која има за цел затворање во национални рамки, воздржување од меѓународна активност.
Англиски: isolationism

илегалец повеќе

мн. илегалци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со илегална политичка дејност; член, активист на илегална организација.
Албански: ilegal

империјализам повеќе

(едн.) империјализмот
Вид збор: Именка, машки род
Стремеж на една држава кон потчинување и освојување други народи и држави.
Англиски: imperialism
Примери:
Соработката на независните држави, како што се Иран и Венецуела, претставува ефективна улога во победувањето на политиката на империјализмот.

империјалист повеќе

мн. империјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на империјализмот.
Англиски: imperialist
Примери:
Тие повикаа на борба против империјалистите.

империјалистички повеќе

империјалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е во духот на империјализмот, што се води од идеите на империјализмот.
Англиски: imperialistic
Примери:
Тие ги осудија империјалистичките агресии на Западот.

инакумислечки повеќе

инакумислечкиот
Вид збор: Придавка
Што мисли поинаку, што не се согласува со некого.
Англиски: dissident
Примери:
отворениот прогон на инакумислечките институции и личности

индоктринација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Усвојување на определена доктрина, настојување на некоја организирана сила да наметне определени сфаќања, верувања и начини на однесување.
Англиски: indoctrination
Примери:
индоктринација со партиска идеологија

интелигенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Назив за сите работници што се занимаваат со интелектуална, умствена дејност.
Англиски: intelligentsia Албански: inteëigjenca
Примери:
Нам ни е потребна цврста интелигенција што ќе изнајде излез од оваа ситуација.

интервенционизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политика на мешање на власта во економијата на државата или во работите на друга држава.
Англиски: interventionism
Примери:
американски интервенционизам

Интернационала повеќе

Интернационалата
Вид збор: Именка, женски род
Химна на меѓународниот пролетаријат.
Англиски: Internationale Француски: L'Internationale Албански: internacionalja, himni

интерпарламентарен повеќе

интерпарламентарниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на соработка меѓу парламенти од различни земји; меѓупарламентарен.
Англиски: interparliamentary
Примери:
Интерпарламентарна унија.

интерпелација повеќе

мн. интерпелации
Вид збор: Именка, женски род
Прашање од некој пратеник во парламентот упатено до владата или до некој нејзин член со кое се бара писмен или устен одговор во врска со некој настан, предмет или проблем.
Англиски: interpellation

интерпелира повеќе

интерпелираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поднесе, поднесува интерпелација.
Англиски: interpellate

иредента повеќе

Види и: иредентизам (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
иредентизам

иредентизам повеќе

(едн.) иредентизмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење и тенденција на националните малцинства да се присоединат кон земјата матица заедно со териториите каде што живеат во друга земја.
Англиски: irredentism Албански: iredentizëm

иредентист повеќе

мн. иредентисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на иредентизмот.
Англиски: irredentist

исламизам повеќе

исламизмот
Вид збор: Именка, среден род
Политизирање на исламската религија.
Англиски: Islamism
Примери:
Се разговара за справување со проблемот на фундаменталниот исламизам.

исламофобија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Предрасуди и страв од исламската религија.
Англиски: islamophobia
Примери:
Голем број граѓани се пожалија дека се шири исламофобија.

истомисленик повеќе

мн. истомисленици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има исто мислење со некого.
Англиски: like-minded
Примери:
Тие двајца се истомисленици.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш