hero - онтологија

арслан повеќе

мн. арслани
Вид збор: Именка, машки род
силен, храбар, бестрашен човек
Албански: hero
Употреба: Архаизам , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Имаше два сина, два арслана.

бабаит повеќе

мн. бабаити
Вид збор: Именка, машки род
Јунак, голем крупен маж.
Турски: babayiğit
Употреба: Архаизам
Примери:
Седеле неколцина турски бабаити во една меана да пијат лута ракија.

бестрашник повеќе

мн. бестрашници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е бестрашен, јунак.
Примери:
Тој е голем јунак, јунак бестрашник.

витез повеќе

мн. витези
Вид збор: Именка, машки род
јунак, херој
Албански: hero
Примери:
Вистинските витези се раѓаат во средините каде што се живее со срцето, а помалку со главата.

делија повеќе

мн. делии
Вид збор: Именка, машки род
јунак
Албански: deli, hero
Употреба: Разговорно
Примери:
И делии глави веднеа.

јунак повеќе

мн. јунаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е храбар, смел.
Албански: trim, hero
Примери:
Јунаците загинаа за својот народ.
Носител на дејството, лик во литературно дело.
Албански: trim, hero
Употреба: Уметност
Примери:
главен јунак
син, внук
Албански: trim, bir
Употреба: Разговорно
Примери:
Како ти се јунаците?

лав повеќе

мн. лавови
Вид збор: Именка, машки род
Храбар, смел човек.
Албански: luan, hero
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е вистински лав на спортскиот терен.

левент повеќе

мн. левенти
Вид збор: Именка, машки род
Снажен, здрав, cилен, млад маж.
Употреба: Архаизам

мегданџија повеќе

мн. мегданџии
Вид збор: Именка, машки род
Храбар човек, јунак.
Албански: hero, trim
Употреба: Архаизам

орел повеќе

мн. орли
Вид збор: Именка, машки род
Смел, горд и силен човек.
Албански: shqiponjë, hero, trim
Употреба: Преносно значење

паликар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
јунак
Турски: palikarya
Употреба: Архаизам , Народна поезија

панаг повеќе

Види и: панагон (м.)
мн. панази
Вид збор: Именка, машки род
јунак
Употреба: Разговорно
Примери:
Три кутли овес дури на панаг ги качува.

пеливан повеќе

мн. пеливани
Вид збор: Именка, машки род
јунак, витез
Турски: pehlivan Албански: pelivan, hero
Примери:
(разг.) Повели (сврши го) ако си пеливан!

сокол повеќе

мн. сокли
Вид збор: Именка, машки род
смел човек
Албански: hero, skifter
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сокол беше татко му.

ударник повеќе

мн. ударници
Вид збор: Именка, машки род
Истакнат работник во социјалистички работен натпревар.
Употреба: Архаизам , Историја

ударничка повеќе

Види и: ударник (м.)
мн. ударнички
Вид збор: Именка, женски род
жена ударник
Употреба: Архаизам , Историја

херој повеќе

мн. херои
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се одликува со извонредна храброст.
Албански: hero
Примери:
херој на Народната револуција

храбрец повеќе

(едн.) храбрецот
Вид збор: Именка, машки род
храбар човек
Примери:
нашиот храбрец