бор

мн. борови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3425
1. Високо зимзелено иглолисно дрво.
Латински: Рinus Англиски: pine Албански: pishë
Употреба: Ботаника
Примери:
Полјанчето беше опколено со високи борови и буки.
Седнаа на ледината под борјето.
црн бор, бел бор
2. Хемиски елемент
Латински: (B) Англиски: boron Албански: bor
Употреба: Хемија
Изведенки
борче ср.
мн. борчиња
дем.