вам (зам.)
Во битките смртта на сите вам венец ви сплете на гради камен ми кладе.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Сега внимателно Србин ја здобави и тамам почна полека да ја врати матарката за да може камчето со лизгање некако да излезе одвнатре, кога, оној од зад ѕидот рече на цел глас: - Што се шуњате овде мајку вам вашу!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како ви се падна и вам за исто?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Па, кога вам ќе ви текне – со мајка ви, а кога ви се игра, кога ви се гледа телевизија, кога ви се оди со деца на летување, тогаш нека седи мајка ви дома и нека ве чека.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Вам секако Ви е познато дека овде во Софија деновиве се основа Македонско научно-литературно друштво: Вистина, засега околу него се собраа десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати грото од македонската бројна емиграција…
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Духот (ма колку вам тоа ви изгледало демагошки штос и збор од ступиден ТВ прилог за Културата) е она што ја одржува било која форма на заедница.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вам ви е потребна помош.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И мене ми е блиско куранското писмо колку и вам.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Вам ова што го нарекувате затвор, ова овде ви е ослободување од затворот што сте го чувствувале надвор одовде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Та каква надеж отсега вам ќе ви носат дните?
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Кој? Јас вам ќе ви земам појќе од колку што чини. Аир да не стори госпо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Блазе си ви, велам вам присои ладни, што чувте кај грми на пушките екот, пет векови гласат премрежиња страдни, вик јуначки сега прогласува векот!
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето нѐ утепува нас“.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)