ведри (несв.)
4. будење Тогај се ведрам полека смеј се напоено време по тебе место мов израстуваат огромни мостови што укротени води ги враќаат во своите токови Оваа населба од сон заборави на лазење штом себеси и неа ја крена на крупните рамена свои
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Капетан Мирковиќ тупка со чизмите на земјата, го ведри и го облачи лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И забележува Арсо дека од некое време наваму челото на татко му се ведри и сурите длапки на лицето му смекнуваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Свети Никола златен, што ги ведриш и облачиш морињата, варди ни го и чувај ни го Анѓелета од секакво лошо; однеси ни го здрав и жив на местото.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Бугарската полиција ја намириса работилницата. Не е чудо да ви дојде на гости. Гледајте ведрете ја 48) што можете побргу!“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)