светло (прил.)

Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Требаше да стане, да појде до вратата и да ја запали сијалицата. Кога е светло не е толку страшно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја среди косата, се изми со нежен сапун од лаванда, малку си стави крема на убавата бела, прозрачна кожа на лицето, си облече еден долг светло лилав фустан и врз него дебел, голем и долг црн шал, лилави едноставни чевлички на мала потпетица и појде долу, кај Христина и останатите, зема пари и тргна накај бакалот кој беше на стотина метри подолу.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ти сонуваш, дете и кога си будно, пред твоите очи сѐ е светло, чудно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А потоа пак се запали светлото над тажната трпеза на која еден татко, зашеметен од болка, ги набљудуваше вомјазените лица на трите деца коишто не се осмелуваа да погледнат накај вратата низ која мајката влегуваше секоја вечер, носејќи чинија што испарува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ја сеќавам сталоженоста по заоѓањето на сонцето. Небото е уште светло, но вечерницата веќе трепка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Светло кафени тенки чевли на средно – висока потпетица и мала чанта во истата боја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На ова место, тоа го знаеше инстинктивно, светлото никогаш нема да биде изгасено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа беше облечена во светло син фустан, а косата како позлатена ѝ светкаше на сонцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Угаси го светлото и запали свеќа – со палтото во рака, се повлекува во бањата. Свеќата ја залепувам за пепелникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во огништето трештат сувите цепеници, распрскуваат златни искри, во одајата е светло, тивко и топло...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам, воочи јасно, самата виде Во какво сиво се обоил овој наш свет што проклет, го градевме и живот ќе дадевме за сѐ да биде светло и фино Многу лета изминаа оттогаш Некои незаборавно, некои брзо, некои бавно, И ниту еднаш не почувствував вина А сега...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Лектира кнезу Репнине пукната калино во мозокот црвено во копнежот се всадуваш прибираш сѐ што е светло безграничен меѓу корици мирисаш на бебе те канам чај да се напиеме зимата да ја згаснеме небаре жед ти седумдесет и шестата јас тебе да те видам меѓу луѓето немаштија во мене исто така - има што да видиш дождот се самоубива кога врне за да постои мора да врне зли абери како метафори ме следат ѝ се ближи крајот на неизвесноста репнине литературо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се протегна наназад и го изгасна светлото. Беше очигледно дека сака и практично да ја прикаже убавината на постојаноста со која се одликуваат предметите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во кое време го гаснат светлото во вашите станови?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рацете го допираа вжештеното јаже, светлото платно, нишките на шевовите, зажарени од летното сонце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Преминот е тихо, светло насмевнување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Повеќе