црв (м.)

И доаѓа некој и го вади црвот. И боли, боли, како заб да ти вади.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Месојадните растенија намамуваа и црви и глисти и полжавчиња и жабчиња и гуштерици...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Или да бидеш одважен лажен црв под земја напикан на стопани многу.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Итаат мравки и бубачки и црви кон својата гозба пред штурата виделина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Гледајќи во браздите видел кај мрдаат од земјата црвените црвје.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Има време и за една мижитатара со апостолот Павле кој во Македонија барал лек против алергија на црви и земја.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Добро е додека нѐ гризе црвот на сомнежот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И дали си придонела за распаѓањето на твоето гнездо со тоа што си летала како ластовица од работа дома и обратно, а секогаш во клунот си носела црви за пилците и за боксерот мочко (вечниот победник во мечевите во рингот без јажиња).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
...височините значи отпаѓаат ги фрлам скалите надолу во грлото на вулканот во жешкиот мрамор на истребените векови секој миг по еден век симнувам по еден недоживеан народ по една голема мајка отстапуваат црвите пред огноотпорните инсекти овие пред здивот на ослепените сенки...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во дрвото на гнилиот црн долап далечното детско суеверие длабееше свои тајни тунели - тоа црв дрвојад претскажуваше студ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Црвите сами си ги носиме, вели Паун Радевски, нема туѓи црви во гробот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другарите ја исполнија својата обврска и нивните тела се трпеза за црвите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Иако однадвор изгледаше здраво, црвот како јаболко го нагризуваше одвнатре.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
МАРИЈА: Сѐ е џабе. (Пауза.) Сонував дека сум пресечена на две. И кај што е 'рбетот — голем црв. И тој пресечен и се превиткува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Човекот, самотен и намачен, го има и му останува само ова слободно право да го излие гневот со безумство на кртица и трпеливоста на влажниот црв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гнилите и од црвја нагризани дрвја ги фрла настрана зашто не е гордо црв да гори.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе