светло (ср.)

Едноставно оваа мисла ја шутна кога возачот го изгаси светлото во автобусот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во бараките се палат светла и се појавуваат глави на прозорците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напати ќе ми се појави некое светло, ќе се извре некаде далеку од земјата и одново ќе пропадне в земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Три кратки, две долги светла. Договорен знак за врската отаде границата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долгите нозе во свилени црни чорапи застанаа пред него, во полумракот на собата во која беше заборавил да запали светло.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа вечер во уште непосветената црква гореше светло. Молчејќи се доближивме до вратата и ѕирнавме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мразеше темница, а изгаснатото светло само да го засилуваше чувството на клаустрофобија кое и онака го имаше. Почна да тропа по вратата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
24. СО АРЕН ДРУГАР И ВО ЗЛО ВРЕМЕ - тоа ти е тоа предимство на бракот: заеднички се поднесува едно исто бреме при преселувањето од светлото во мракот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Светлото беше изгаснато, само малку светлина допираше од ходникот на возот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека се сушат испраните мозоци спрострени под светло на мониторите, колпортерите разнесуваат утрешни детергенти за денешните флеки.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И камо да можеше наместо темнината на шумата пред себе да ги види градските светла, да сети дека е опкружен со други човечки суштества како него, наместо со блиски и далечни, секогаш невидливи ѕверки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во статутот со правила за заедничко живеење што како подарок ќе го добиеш заедно со зеленото светло од пријателките додека те гушкаат и ти честитаат, убаво ќе стои сѐ на што треба да внимаваш во иднина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Возилото на брза помош заминуваше без сирена и ротационо светло, што можеше да значи само едно - дека за возачот патот беше завршен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сѐ ќе стане инфраструктура занишкана во вештачките светла и во енергијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таму каде што претходно живеевме вриеше од оние плочести, темни, влакнести лебарки, молневито брзи, а сепак сосема добро видливи кога исплашени од кујнското светло исчезнуваат меѓу подните штици и низ пукнатините на подот; во оставата една речиси дури ја бев фатила со прсти пред да избега фрлајќи преку скробот сенка, слика на исплашеност во мојата рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе