а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

каже

кажат, кажам, кажи, кажете, кажав, кажавте, кажеш; кажаа, кажал, кажан, кажав, кажеа, кажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 91
1. Соопшти, даде на знаење.
Англиски: tell Албански: tregon
Примери:
Морам да ти кажам, знам оти сте најдобри другари.
Никој не знаеше да ни каже од каде е.
Дали е тоа сè што имаш да ми кажеш?
Јас јавно ќе го кажам своето мислење.
2. Извести некого за нешто.
Англиски: notify Албански: lajmëron
Примери:
Кажи му на татко ти оти нè најде и ни кажа.
Се јави и им кажа дека нема да дојде.
3. раскаже
Англиски: tell Албански: rrëfen
Примери:
Кажи ми една приказна.
Тој ѝ кажуваше за својата младост.
Кажи за војните што минале низ градов.
4. Објасни, даде претстава за нешто.
Англиски: explain Албански: spjegon
Примери:
Туку кажи ми ти мене и протолкувај ми, ако можеш, што се прави тоа со мостот.
Дај, синко, да ви кажам, кое зошто е.
5. Овозможи или помогне некому нешто да види, означувајќи го правецот во кој нешто се наоѓа, покаже.
Англиски: show Албански: demonstron
Примери:
Го отворив кутивчето и му го кажав ѓерданчето.
Немаше кој да ни го каже патот.
Таа му ја кажа куќата високо на ридот.
6. поткаже, оддаде, предаде
Англиски: denounce Албански: denoncon
Примери:
Секој ден тепаше барем по еден-двајца селани да ги кажат комитите.
Селото реши да не го предава, та кој знае дали ќе ви го кажат.
7. Изрази мисла, суд, оценка (во книжевно дело, расправа), напише, тврди.
Англиски: state Албански: konstaton
Примери:
Нешто поодредено за сите тие работи не сме во можност да кажеме.
Нема да претераме ако кажеме дека Цепенков најмногу го предизвикал интересот на литературните историчари.
8. Соопшти, изрази со друго средство наместо со зборови.
Англиски: announce Албански: shpall
Примери:
Првите пушки кажаа дека станува нешто големо.
9. (се каже) се појави, се покаже
Англиски: appear Албански: shfaqet
Примери:
Тоа ѝ се кажало на соне.
10. (се каже) се јави
Англиски: tell Албански: u paraqit
Примери:
За неколку дена ќе ти се кажам кај сум.
11. (се каже) се претстави, се прикаже
Англиски: introduce Албански: prezentohet
Примери:
Луѓето се кажаа на разни имиња.
Тој им се кажа кој е.
Туѓинецот се кажа дека е професор.
Изрази
Подобро кажано - поточно, поверно кажано.
Кажи ми да ти кажам - (разг.) ни јаc самиот не знам ништо за тоа, знам колку и ти (вие).
Кажи-речи - горе-долу, отприлика.
Меѓу нас кажано - кажано во четири очи.
Право да ти кажам - навистина.
Сакам кажам, не знам речам - се кажува за некого што знае, ама не смее да зборува за некои работи.
Ќе му кажам јаc - во закани; ќе му покажам јаc нему, ќе види тој, ќе ме запамети.
Изведенки
1. кажува несв.
(се) кажуваат
2. кажување ср.
мн. кажувања
глаг. им.
Пример: По кажувањата на старите, тука имало манастир.