добродат
Вид збор: Глагол, свршен
дојде, надојде, се јави
Примери:
Така одненадеж, ми доброди мислата што сиот ме голтна.
долетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде од некаде, се појави, се слушне нешто.
Примери:
Од ходникот долета врескање.
допаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне неочекувано, одненадеж.
Примери:
Во одајата допадна едно дете.
(се) завдадат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зададе, се појави однекаде, се покаже во далечината.
Примери:
По патеката се завдадоа две жени.
завидат
Вид збор: Глагол, свршен
(се завиди) Се види, се забележи.
Примери:
До левата врата на олтарот му се завиде нешто, а тоа беше дете.
зададат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зададе) Се појави, се покаже оддалеку некој или нешто.
Албански:
shfaqet, paraqitet
Примери:
По патот се зададоа луѓе.
зајават
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се јавува, да се покажува.
Албански:
shfaqet, paraqitet
Примери:
Од далечината се зајавија две силуети.
зашуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л.) Се појави.
Примери:
Меѓу двата зацрнети камења зашурка чад.
избијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се пробие напред, стигне на некое место.
Примери:
Најпосле избил во првите редови.
изгледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се чини, создава впечаток.
Примери:
Изгледа дека тој нема да дојде.
излезат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, се покаже на телото како последица или израз на некоја состојба.
Примери:
На лицето од болниот му излегоа мозолчиња.
За нечистотија, дамка - се исчисти, се отстрани.
Примери:
Бојата со ништо нема да излезе.
Наспроти, истапи пред јавност (со реферат, став, мислење).
Примери:
На симпозиумот тој излезе со реферат.
изразат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изрази) Дојде до израз, се покаже, се појави.
Примери:
Настојувањата на нашиот народ се изразија во самиот процес на националното ослободување.
испилат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испили) се појави, се покаже
Примери:
Најпосле и децата се испилија на ридот, над селото.
јават
Вид збор: Глагол, свршен
(се јави) излезе, се покаже
Примери:
Не јавувај се пред мене.
кажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се каже) се појави, се покаже
Примери:
Тоа ѝ се кажало на соне.
наидат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде во пресрет, намине, се појави.
Примери:
Кога мислев да тргнам, наиде еден пријател и ме задржа малку.
осамна
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави на разденување.
Албански:
shfaqet në agim
Примери:
Градот осамна со испишани пароли по ѕидовите на куќите.
појават
Вид збор: Глагол, свршен
(се појави) се јави, се покаже
Примери:
Од куќата се појави една жена.
(се појави) Настане, се создаде.
Примери:
Во градот се појавила чума.
(се појави) никне, се зароди
Примери:
Првите цветови се појавија рано пред да дојде пролетта.
покажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се покаже) Стане видлив, се појави.
Примери:
Девојката се покажа на прозорецот.
привидат
Вид збор: Глагол, свршен
(ми, ти, му, .. се привиди) Му се стори како да гледа нешто што не постои, му се причини.
Примери:
Ми се привиде дека некој ме следи.
(се) присенат
Вид збор: Глагол, свршен
Се пристори, се причини некој некому.
Примери:
Ти се присенив во ноќта.
причинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се причини) Се пристори некому, се виде поинакво.
Примери:
Ми се причини како некој да дојде.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се укажува) Се појавува, дава можност, прилика.
Албански:
sugjeroj, bëj me dije
Примери:
Се укажува нова можност.