blaze - онтологија

букне повеќе

букнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пламне, наеднаш почне силно да гори.
Албански: ndez flakë
Примери:
Пука камен, земја гори, / в пламен букнал селски плот.

букти повеќе

Види и: букне (св.)
буктат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно и неконтролирано гори.
Употреба: Дијалектен збор

вива повеќе

виваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пламти, гори силно со пламен.
Примери:
Од распламтените вива жолтеникав пламен.

жари повеќе

жарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Опфатен е од силно чувство.
Албански: mbuluar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во нас жарат силни желби.

запламти повеќе

Види и: пламти (несв.)
запламтат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пламти, да гори силно.
Албански: flakëroj
Примери:
Огнот запламти во печката.
(се запламти) Почна да пламти.
Албански: ndizem
Примери:
Плевната се запламти како факел.

оган повеќе

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
пожар
Албански: zjarr
Примери:
Силен оган беснееше во шумата.

пламти повеќе

пламтат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гори со силен пламен.
Албански: digjet
Примери:
Уште пламтеа огновите.

разгори повеќе

разгорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разгори) Почне силно, добро да гори.
Албански: flakëroj, ndez
Примери:
Се разгоре најпосле огнов.