барикадираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави барикада.
Албански:
barikadoj, bllokoj
Примери:
Полицијата ја барикадира главната улица.
блокираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави блокада, опколи, опколува, запре, запира нешто преку блокада.
Примери:
Силни воени единици го блокираа градот.
Забрани, забранува, спречи, спречува исплата.
Албански:
ndaloj, bllokoj
Употреба:
Економија
Примери:
Владата ги блокира сметките на две министерства.
заградат
Вид збор: Глагол, свршен
Прегради, направи пречка на воден тек, пат и сл.
Примери:
Тој го загради потокот.
зајазат
Вид збор: Глагол, свршен
Загради нешто со јаз.
Примери:
Зајазија еден дел од дворот.
запречат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави преграда, препречи пат, отвор и сл.
Примери:
Еден војник ја запречи влезната врата.
затворат
Вид збор: Глагол, свршен
Препречи, спречи, забрани движење, минување.
Примери:
Затвори пат.
испречат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто напреку како пречка (на пат, на премин).
Албански:
pengoj, bllokoj
Примери:
Го испречи автомобилот на патот.
преградат
Вид збор: Глагол, свршен
Попречи, препречи пат некому.
Примери:
Војската им го прегради патот на селаните.
препречат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто попреку, прегради пат, премин, пристап.
Албански:
pengoj, bllokoj
Примери:
На сред пат препречил една спила.
Вид збор: Глагол, свршен
Оневозможи, спречи понатамошно движење.
Примери:
Демонстрантите ни го пресекоа патот.
фатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се фати) За функцијата на некој орган - престане, се ограничи.
Примери:
Му се фатија нозете.