бришат
Вид збор: Глагол, несвршен
За ветер - силно дува.
Примери:
Ветрот брише над нивните глави.
веат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дува ветер.
Примери:
Вееше тивко, пролетно ветре.
Ветрот со дување носи нешто.
Примери:
Пролетното ветерче вееше исушени лисја.
вејнат
Вид збор: Глагол, свршен
дувне, поддувне
Примери:
Навечер ќе вејне топло ветре.
дуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дејствува како воздушна струја и предизвикува слабо или силно движење на воздухот.
Српски:
дувати
Албански:
fryj
Бугарски:
духам
Примери:
Надвор дуваше ветер.
Испушта од устата воздушна струја и ја тера, насочува кон нешто.
Примери:
Дуваме во прстите.
Свири на некој дувачки инструмент.
Примери:
Дувал во долга труба.
Прави, изработува нешто со помош на силна воздушна струја во фабрика за стакло.
Примери:
Дуваат шишиња.
Вид збор: Глагол, несвршен
Дува во помала мера, со послаб интензитет.
Примери:
Дувкаше пријатно утринско ветре.
завеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вее.
Примери:
Тивко ветерче завеа надолу кон селото.
задуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дува.
Примери:
Задува силен и студен ветер.
задувкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дува по малку, во помала мера.
Примери:
Одвреме - навреме ќе задувкаше свежина од шумата.
издуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Со дување исчисти, прочисти нешто: нос, славина, чеп; чибук, луле и сл.
Примери:
Го издува носот.
Со силата на воздухот, ветерот исфрли, помести нешто.
Примери:
Ветерот ја издува пепелта од мастилницата.
исекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти, издува нос.
Албански:
fryj, pastroj hundën
Примери:
Го исекна носот и се издиша.
(се исекне) Си го исчисти носот.
Примери:
Се исекна неколку пати во шамичето.
Вид збор: Глагол, свршен
фучи
Примери:
Ветерот исфучи во оџакот.
Вид збор: Глагол, свршен
Со веење, дување на ветрот, надонесе, нафрли нешто (снег, песок).
Примери:
Ветрот навеал снег пред врата, не се излегува.
Донесе, неочекувано дојде.
Примери:
Ова момче среќата ми го навеа.
павнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поддувне, наеднаш се почувствува нешто во воздухот.
Примери:
Павна тивко ветре.
пират
Вид збор: Глагол, несвршен
поддувнува
Примери:
ветрето пири
повеат
Вид збор: Глагол, свршен
За ветар - почне слабо да дува, да дувка.
(се повее) Се вее на ветар малку, кратко време (знаме, платно).
Вид збор: Глагол, свршен
Раздува нешто малку, во некоја мера.
Примери:
Ветрот ги пораздува облаците.
развеат
Вид збор: Глагол, свршен
Издигне нешто во воздухот да се вее.
Примери:
Таму ќе го развееме нашето знаме.
Со веење распрсне нешто на разни страни, разнесе.
Примери:
Ветер го развеа снегот.
(се развее) Се разнесе на разни страни од ветер, од дување.
Примери:
Плевата се развеа по покривите.
раздуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Со дување разнесе нешто лесно, распрсне.
Албански:
fryj, shpërndaj
Примери:
Ветрот ги раздува брзо облаците.
(се раздува) Почне силно да дува.
Примери:
Ама се раздувал ветров.
секнат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се секне) Чисти нос со дување.
Примери:
Не смееш да се секнеш на улица.
мн. удари
Вид збор: Именка, машки род
Голема душевна болка.
Примери:
Неговата смрт беше за неа тежок удар.
Вид збор: Именка, машки род
мн. удирања
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) удира
Примери:
Допира тешкото удирање на стар часовник.
усекнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се усекне) се исекне (нос)
Вид збор: Глагол, несвршен
(се усекнува) се исекнува
фиркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дува, дува силно
Примери:
Овде многу фирка.
фучат
Вид збор: Глагол, несвршен
За ветер, бура - се движи брзо и со шум.
Примери:
Надвор ветерот фучеше.