body - онтологија

корпус повеќе

мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Тело на човек или животно.
Албански: trup, shtat
Употреба: Анатомија

плот повеќе

(едн.) плотта
Вид збор: Именка, женски род
Човечкото тело во смисла на неговите надворешни физички својства и на сетилноста.

снага повеќе

снагата
Вид збор: Именка, женски род
Човечко тело.
Употреба: Медицина
Примери:
Има модрини по снагата.

става повеќе

мн. стави
Вид збор: Именка, женски род
Тело, снага на човека.
Албански: shtat, trup
Примери:
вита става

стас повеќе

стасот
Вид збор: Именка, машки род
Снага, тело на човекот.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
крупен стас

тело повеќе

мн. тела
Вид збор: Именка, среден род
Во физиката - материја што исполнува определен дел од просторот; секој материјален предмет.
Албански: trup i ngurt
Употреба: Физика
Примери:
цврсто, течно, гасовито тело
Дел од просторот ограничен од сите страни со рамнини.
Албански: trupth
Употреба: Математика
Примери:
геометриски слики и тела
Како организам на човек или животно во неговите надворешни форми и пројави.
Албански: trup
Употреба: Анатомија
Примери:
Делови на телото.
снага, труп
Албански: trup
Примери:
Главата ѝ е убава, ама телото не.
Оновниот дел на нешто, корпусот на нешто.
Албански: trup
Употреба: Преносно значење
Примери:
тело на машина

телце повеќе

Види и: тело (ср.)
мн. телца
Вид збор: Именка, среден род
мало тело
Албански: trupth
Употреба: Деминутив

труп повеќе

мн. трупови
Вид збор: Именка, машки род
Телото без главата и членовите.
Албански: trupi
Употреба: Анатомија
Примери:
Глава, труп и членови.
Средниот и главен дел на машина и сл.
Албански: trupi
Примери:
Труп на брод.

физика повеќе

(едн.) физиката
Вид збор: Именка, женски род
Телото, снагата на човек.
Албански: përbërja fizike, trupi
Употреба: Ретко