корпус
мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7392
1.
Тело на човек или животно.
Слично со:
тело (ср.)
2.
Основниoт дел на машина или механизам на кој се монтираат другите делови.
Примери:
корпус на авионот
Слично со:
шасија (ж.)
3.
целина, збир
Англиски:
collection
Албански:
tërësi
корпус на народни песни
Слично со:
збир (м.)
4.
Збир на луѓе од иста струка.
Слично со:
еснаф (м.)
5.
Голема формација што се cоcтои од неколку дивизии или бригади.
Примери:
Заседава штабот на корпусот.
6.
Збирка на автентични текстови што се користат за лингвистички истражувања.
Примери:
корпус на македонски автори
Изрази
Корпус деликти - предмет што ја докажува вината.