Анатомија - категорија

табан повеќе

табанот
Вид збор: Именка, машки род
Долната страна на ногата со која се гази.
Англиски: sole Турски: taban Албански: shputë, taban
Примери:
рамни табани

тапанче повеќе

мн. тапанчиња
Вид збор: Именка, среден род
Дел од внатрешното уво.
Англиски: eardrum Албански: timpan
Примери:
ушно тапанче

ташак повеќе

мн. ташаци
Вид збор: Именка, машки род
тестикул
Англиски: testicle Турски: taşak Албански: testis, koqe, bole

тело повеќе

мн. тела
Вид збор: Именка, среден род
Како организам на човек или животно во неговите надворешни форми и пројави.
Англиски: body Албански: trup
Примери:
Делови на телото.

телце повеќе

Види и: тело (ср.)
мн. телца
Вид збор: Именка, среден род
(за крвта) зрнце
Англиски: blood corpuscle Албански: trupth
Примери:
Бели и црвени крвни телца.

теме повеќе

темето
Вид збор: Именка, среден род
Горниот дел, врвот на главата.
Англиски: skullpan Албански: tepe, kupë
Примери:
Голо теме.

темен повеќе

темни
Вид збор: Придавка
на темето
Англиски: top Албански: e tepes të kokës
Примери:
темена коска

тестикул повеќе

мн. тестикули
Вид збор: Именка, машки род
Машка полова жлезда.
Англиски: testicle

тетива повеќе

мн. тетиви
Вид збор: Именка, женски род
Краен дел на мускулот.
Латински: tendo Англиски: tendon Албански: pjezë, dell
Примери:
Секоја тетива поминува во оформен мускулен дел, глава.

тил повеќе

мн. тилови
Вид збор: Именка, машки род
задниот дел на главата
Англиски: back Албански: prapa
Примери:
(разг.) Кога ќе си го видам тилот.

тимус повеќе

тимусот
Вид збор: Именка, машки род
Градна жлезда што се наоѓа меѓу вратниот и градниот дел.
Англиски: thymus

тироида повеќе

мн. тироиди
Вид збор: Именка, женски род
Штитна жлезда, една од најголемите жлезди во човечкото тело.
Англиски: thyroid gland Албански: gjëndër tiroide

ткиво повеќе

мн. ткива
Вид збор: Именка, среден род
Во анатомијата - спој на анатомски елементи.
Англиски: tissue Албански: ind
Примери:
мускулно ткиво

торакс повеќе

мн. торакси
Вид збор: Именка, машки род
граден кош
Англиски: thorax

тракт повеќе

мн. трактови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од орган или систем.
Англиски: tract
Примери:
респираторен тракт

трахеален повеќе

трахеалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трахеја.
Примери:
трахеален шум

трахеја повеќе

мн. трахеи
Вид збор: Именка, женски род
Цевка во грлото низ која воздухот стигнува до белите дробови.
Англиски: trachea Албански: trake, gabzherr

трбув повеќе

мн. трбуви
Вид збор: Именка, машки род
мев
Англиски: belly, viscera

трбушка повеќе

трбушката
Вид збор: Именка, женски род
шкембе
Англиски: stomach Албански: kukurec
Примери:
Кучињата влечкаа трбушки и црева по сокаците и бавчите.

трицепс повеќе

мн. трицепси
Вид збор: Именка, машки род
Мускул со три краја (мускул со три глави).
Латински: musculus triceps brachii Англиски: triceps

труп повеќе

мн. трупови
Вид збор: Именка, машки род
Телото без главата и членовите.
Англиски: body Албански: trupi
Примери:
Глава, труп и членови.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш