boss - онтологија

бос повеќе

мн. босови
Вид збор: Именка, машки род
шеф, газда
Употреба: Разговорно
Примери:
наркобос, политички бос

буџа повеќе

мн. буџи
Вид збор: Именка, машки род
Важна личност најчесто од политичкиот свет.
Примери:
Живееме од ѓубрето што го собираме од кантите на буџите, рече бездомникот.

газда повеќе

мн. газди
Вид збор: Именка, машки род
сопственик, стопан
Албански: pronar
Употреба: Економија
Примери:
Газдата на станот дојде да ја земе киријата.

газдарица повеќе

мн. газдарици
Вид збор: Именка, женски род
газда
Албански: pronare
Примери:
Газдарицата го изнајмуваше станот евтино.

главуч повеќе

мн. главучи
Вид збор: Именка, машки род
Човек на висока позиција, функционер, директор.
Албански: kryemadh
Употреба: Иронично
Примери:
Во хотелот беа сместени сите главучи од околијата.

ѕверка повеќе

мн. ѕверки
Вид збор: Именка, женски род
Тој што е на висока положба, што има висока функција, влијателен човек.
Албански: njeri i madh, bos
Употреба: Иронично , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Голема ѕверка.

кум повеќе

мн. кумови
Вид збор: Именка, машки род
Главен, шеф на мафијата.
Албански: bos
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој е кум на мафијата.