breed - онтологија

доизведе повеќе

Види и: изведе (св.)
доизведат
Вид збор: Глагол, свршен
За птици - веде малечки до крај.
Албански: shumëzon
Примери:
Квачката ги доизведе пилињата.

запат повеќе

мн. запати
Вид збор: Именка, машки род
Животно за приплод.
Албански: kafsh për shumim
Употреба: Земјоделство
Примери:
Од стадото одделија неколку запати.
приплод, размножување
Албански: kafsh për shumim
Примери:
Некои од животните оставени за запат се разболеа.

зачува повеќе

Види и: чува (несв.)
зачуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чува, да одгледува нешто.
Албански: ruaj, kultivoj
Примери:
Зачуваа кокошки.

коти повеќе

котат
Вид збор: Глагол, несвршен
За зајаци, глувци и други животни - донесува пород на свет.
Албански: shumëzohet, pjell
Употреба: Зоологија
Примери:
Зајачицата коти по неколку зајачиња.
(се коти) За животни - се размножува.
Албански: pjell
Примери:
Се котат глувци во визбата.

пасмина повеќе

(едн.) пасмината
Вид збор: Именка, женски род
(обично за животни) сој, раса
Примери:
Коњ од добра пасмина.

пилило повеќе

мн. пилила
Вид збор: Именка, среден род
сој, род
Албански: soj, lloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не е тој од нивното пилило.

раса повеќе

мн. раси
Вид збор: Именка, женски род
Група животни од еден вид што си прилегаат по некои својства и наследни особини.
Албански: racë
Употреба: Зоологија
Примери:
Коњ од чиста раса.

распати повеќе

распатат
Вид збор: Глагол, свршен
За домашни животни - се погрижи за нивното одгледување.
Албански: ruaj, rrit
Примери:
Распати пилиња.
(се распати) се накоти
Албански: shumëzohet, pjell
Примери:
Се распатија многу зајаци.

расплоди повеќе

расплодат
Вид збор: Глагол, свршен
Размножи во поголемо количество.
Албански: shumëzoj
Примери:
Расплоди телиња.
(се расплоди) Се размножи се во поголемо количество.
Албански: pjell shumë
Примери:
Зајците се расплодија во голема мера.

расплодува повеќе

Види и: расплоди (св.)
(се) расплодуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расплоди