butcher - онтологија

доисколе повеќе

Види и: исколе (св.)
доисколат
Вид збор: Глагол, свршен
Исколе сѐ, сите до еден.
Примери:
Доисколи ги сите кокошки во дворот.

доколе повеќе

Види и: коле (несв.)
доколат
Вид збор: Глагол, свршен
Коле, исколе до крај.

искасапи повеќе

искасапат
Вид збор: Глагол, свршен
Исече, обработи месо како касап.
Албански: prej, ther
Нанесе рани, растргне, убие.
Албански: ther
Примери:
Биди внимателен, ќе те искасапат кучињата!
Пресече невнимателно, немарно,како било.
Албански: prej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Полека со ножиците, ја искасапи завесата!

испокасапи повеќе

Види и: искасапи (св.)
испокасапат
Вид збор: Глагол, свршен
Искасапи некого многу.
Искасапи повеќемина.
(се испокасапи) Се искасапи со некого.
(се испокасапи) Се искасапи со многумина.

касап повеќе

мн. касапи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што cе занимава cо колење на добиток и со подготовка на месото.
Турски: kasap Албански: kasap
Лице што продава месо.
Албански: kasap, mishshitës

касапи повеќе

касапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече, подготвува за продажба и продава месо; работи како касап.
Албански: kasapit, therrë
Коле и убива луѓе.
Албански: kasapit
Употреба: Преносно значење
Дава многу негативна оцена за нешто; запустува, уништува некое дело.
Албански: kasapit, pres
Употреба: Преносно значење
Примери:
Критиката го касапеше неговото дело.

колач повеќе

мн. колачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што коле добиток или живина за месо.
Албански: therës, kasap

колбасар повеќе

мн. колбасари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави или што продава колбаси.
Албански: salcicëbërës
Употреба: Гастрономија
Примери:
Кај колбасарот висеа шунки и свински колбаси.

месар повеќе

мн. месари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што работи во кланица или во месарница.
Албански: kasap
Употреба: Економија

песјак повеќе

мн. песјаци
Вид збор: Именка, машки род
крвник, пес
Албански: gjakatar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Песјак еден!

раскасапи повеќе

раскасапат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи на парчиња.
Албански: prej copa copa
Примери:
Веднаш го раскасапивме јагнето.
За текст и нешто слично - скрати, отфрли.
Албански: pres, shkurtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми ја раскасапи статијата.

раскасапува повеќе

Види и: раскасапи (св.)
раскасапуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раскасапи