collapse - онтологија

гровне повеќе

гровнат
Вид збор: Глагол, свршен
Опадне нагло, клапне, се истошти, се измори наеднаш.
Албански: rrëzim
Примери:
Откако брат ми замина на печалба, татко ми гровна.

зајде повеќе

зајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Загуби свест, се изгуби.
Албански: humb vetëdije, humbet
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Детето зајде од плачење.

згрмоли повеќе

(се) згрмолат
Вид збор: Глагол, свршен
Се струполи, се урне, падне шумно.
Примери:
Пијаниот се згрмоли по скалите.

колабира повеќе

колабираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Падне, паѓа во несвест, добие, добива напад на колапс.
Употреба: Медицина
Примери:
Од жештините многумина од играчите колабираа.

колапс повеќе

(едн.) колапсот
Вид збор: Именка, машки род
Нагло губење свест, премаленост поради здравствени проблеми.
Албански: kolaps, alivanosje
Употреба: Медицина
Примери:
Од брзо прегревање на телото доаѓа до колапс.
Пропаѓање (во економијата, во стопанството).
Албански: shkatërrim, rënie
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Фабриката е во колапc.

сруши повеќе

срушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сруши) Се урне, падне од удар; се претвори во урнатини.
Албански: shemb
Примери:
Се сруши ѕидот.
(се сруши) Се урне, се уништи, се сосипе, се растрои.
Албански: shemb
Употреба: Преносно значење
Примери:
Им се срушија соништата.

урива повеќе

Види и: урне (св.)
уриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
одронува
Албански: rrënim, shkatërrim
Примери:
Уриваат карпи.

уривање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
одронување
Албански: shembje
Примери:
(разг.) Нема да биде лошо да направиме едно уривање на малтерот од ѕидов.