опадне
опаднат; опадни, опаднете; опаднав, опаднаа; опаднал; опаднат; (ќе) опаднев, (ќе) опаднеа; (ќе) опаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20003
1.
За лисје, цут, коса - падне, се откине, се оддели.
Англиски:
fall
Лисјето опаднаа од силниот ветар.
Со годините косата му опадна.
Слично со:
оддели (св.)
2.
Ослаби здравствено, изгуби сила.
Примери:
Снагата ја загуби некогашната сила - опадна.
Слично со:
ослаби (св.)
3.
Ослабне финансиски, осиромаши.
Примери:
Откако тој замина од фирмата, тие многу опаднаа.
Слично со:
осиромаши (св.)
4.
Се намали, се смали (по бројност, во големина).
Англиски:
decrease
Бројот на студентите на универзитетите многу опадна.
Не е ништо, скоро ќе ѝ опадне отокот.
Изведенки
1.
опаднува несв.
опаднуваат
опаднуваат
2.
опаѓа несв.
опаѓаат; опаѓал
опаѓаат; опаѓал
3.
опаѓање ср.
глаг. им.
глаг. им.