command - онтологија

заповед повеќе

мн. заповеди
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што писмено или усно се наредува да биде задолжително исполнето.
Албански: urdhër
Примери:
Ја исполни мојата заповед.
Религиозна обврска.
Албански: urdhër fetar
Употреба: Религија
Примери:
божја заповед

заповеда повеќе

заповедаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, дава заповед, нареди, наредува некому.
Примери:
Им заповедал на војниците да не прават пакост по селата.

заповедништво повеќе

мн. заповедништва
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Право на заповедање, на командување.
Албански: komandë
Употреба: Воен термин
Примери:
Власта во градот е под заповедништво на сојузничките сили.
управа, команда
Албански: komand, drejtim
Употреба: Воен термин

заповедува повеќе

Види и: заповеда (св.)
заповедуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
заповеда

издаде повеќе

издадат
Вид збор: Глагол, свршен
заповеда, нареди
Албански: urdhëroj, komandoj
Примери:
Издаде наредба.

искомандува повеќе

Види и: командува (несв.)
искомандуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Со командување нареди, даде команда.
Примери:
Капетанот искомандува јуриш.

команда повеќе

мн. команди
Вид збор: Именка, женски род
Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука.
Албански: komandë, urdhër
Употреба: Воен термин
Примери:
Не пукај без команда.
Воено заповедништво, воена установа.
Албански: komandë
Употреба: Воен термин
Примери:
Склучи договор со воената команда за лиферување добиток.
Седиште на воено заповедништво, на воена установа.
Албански: komandë
Употреба: Воен термин

команден повеќе

командниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на команда.
Што има команда или власт, што наредува.
Употреба: Воен термин
Примери:
команден кадар, команден состав
Место од каде што се командува.
Примери:
команден мост

командува повеќе

командуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава команди, заповеда.
Албански: komandoj
Употреба: Воен термин
Врши командантска должност.
Албански: komandoj
Употреба: Воен термин
Примери:
Командува со бригада.
Наредува, заповеда некого.
Албански: komandoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Во бракот едниот командува, другиот слуша.

наредба повеќе

мн. наредби
Вид збор: Именка, женски род
Службено усно или писмено барање што задолжително треба да се изврши.
Албански: urdhër

нареди повеќе

наредат
Вид збор: Глагол, свршен
Издаде, даде наредба.
Албански: urdhëroj, komandoj
Примери:
Командирот нареди да се подготват сите за долг марш.

овладее повеќе

овладеат
Вид збор: Глагол, свршен
Усвои, научи нешто.
Албански: mësoj, zotëroj
Примери:
Тој ја овладеа компјутерската техника.

повела повеќе

повелаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(ме, те, го, ... повела) Заповеда на некого.
Албански: urdhëroj
Примери:
Зар тој мене да ме повела.
(ми, ти, му, ... повела) Заповеда некому.
Албански: urdhëroj, komandoj
Примери:
Немам никој дома да ми повела.

повели повеќе

повелат
Вид збор: Глагол, свршен
заповеда, нареди
Албански: urdhëroj
Употреба: Ретко
Примери:
Од страв им повели домашните портата да не ја оставаат отворена.

реди повеќе

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
поучува, наредува, заповеда
Албански: urdhëroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Сакаше само тој да реди во куќата.

шефува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
Врши должност на шеф.