completely - онтологија

ганц повеќе

Вид збор: Прилог
сосем, ептен, целосно
Германски: ganz
Употреба: Разговорно

до повеќе

Вид збор: Предлог
сè, целосно
Употреба: Разговорно
Примери:
До што беше живо, сè избега од селото.

добро повеќе

Вид збор: Прилог
сосема, потполно
Примери:
Веќе е добро смрачено.

исцело повеќе

Вид збор: Прилог
целосно
Примери:
Тие се правени исцело од еден ист метал и под иста температура.

наполно повеќе

Вид збор: Прилог
Сосема, во целост.
Примери:
Последниве години градот наполно се измени.

полн повеќе

полни
Вид збор: Придавка
целосен, комплетен, тотален
Примери:
полн опис

потполно повеќе

Вид збор: Прилог
целосно, комплетно, сосема, до крај
Српски: потпуно
Примери:
Јавноста има право потполно да се сомнева.

совршено повеќе

Вид збор: Прилог
сосем, наполно
Употреба: Разговорно
Примери:
Совршено незаинтересиран за работата.

сосем повеќе

Вид збор: Прилог
До крајна степен.
Примери:
Тогаш беше сосем здрав.

стопроцентно повеќе

Вид збор: Прилог
комплетно, потполно
Примери:
Биди стопроцентно уверен дека работата ќе биде завршена.

токму повеќе

Вид збор: Прилог
Доволно, колку што треба, како што треба.
Примери:
Сѐ беше токму.