двојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се истакнува, се разликува по боја, квалитет, карактер и сл.
Примери:
Куќата двои од другите во улицата.
делат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изгледа поинаку, се разликува, двои од нешто.
Албански:
dalloj, klasifikoj
Примери:
Само сивите очи и белите заби делеа во бојата.
истакнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истакне) Се издвои меѓу другите со некоја особина (храброст, дарба, со работа итн.).
Примери:
Се истакна на новото работно место.
красат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се одликува со нешто добро, убаво.
Примери:
Добри особини го красат овој човек.
одликуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се одликува) Се изделува, се разликува, се истакнува со нешто.
Примери:
Тој се одликуваше со високи морални квалитети.
отскокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се истакне со нешто.
Примери:
Тој многу отскокна од своите другари.
предничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се истакнува во нешто, со нешто.
Примери:
Од везените изработки предничат чаршафите за маси.
различат
Вид збор: Глагол, свршен
Распознае некој предмет, појава меѓу други.
Примери:
Не можеше да го различи доброто од злото.
разузнаат
Вид збор: Глагол, свршен
Распознае некој предмет, појава меѓу други, распознае, различи.
Примери:
Да видиме дали ќе разузнае детето.