различи
различат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24515
1.
Распознае некој предмет, појава меѓу други.
Англиски:
distinguish
Албански:
dalloj
Не можеше да го различи доброто од злото.
Слично со:
распознае (св.)
2.
Распознае со сетилата нешто.
Англиски:
discriminate
Албански:
diskriminoj
Одвај можеше да го различи во таа врева нејзиниот глас.
3.
(се различи) Оддели се по своите црти.
Примери:
Не можеше да се различи чесниот од нечесниот.
4.
Направи нешто да стане поубаво, поинтересно, побогато.
Примери:
Китката го различи лицето.
Тоа уште повеќе го различи градот.
5.
(се различи) Стане поубав, поинтересен, побогат.
Примери:
Нешто многу ви се различила момава.
Слично со:
разубави (св.)