drink - онтологија

донапие повеќе

Види и: напие (св.)
се донапијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се напие доволно.
Примери:
Не се донапил од водата.

запие повеќе

Види и: пие (несв.)
запијат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пие.
Албански: fillon të pij
Примери:
Гостите запија вино и ракија.
(се запие) Се занесе во пиење алкохол, помине долго време во пиење.
Албански: pi shumë
Примери:
Тој седнал во кафеаната и се запил.

изнапие повеќе

Види и: напие (св.)
изнапијат
Вид збор: Глагол, свршен
Напие многу, сите со ред.
Албански: jep të pi shumë
Примери:
Ги изнапи гостите вино и ракија.

изопие повеќе

Види и: опие (св.)
изопијат
Вид збор: Глагол, свршен
Опие повеќемина, сите.
Албански: pi shumë, dehem
Примери:
Домаќинот ги изопи гостите.

лока повеќе

локаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие вода (или зема течна храна) зафаќајќи ја со јазикот и притоа правејќи звук (најчесто за животни).
Албански: locat, llap
Употреба: Зоологија
Примери:
Мачето го лока млекото.

локне повеќе

локнат
Вид збор: Глагол, свршен
лока

напива повеќе

Види и: напие (св.)
(се) напиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
напие

напивка повеќе

мн. напивки
Вид збор: Именка, женски род
Нешто подготвено за пиење.
Примери:
лековита напивка

напие повеќе

напијат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому да пие.
Албански: pi
Примери:
Го напи детето вода.
Опие некого.
Албански: pi
Примери:
Не го оставаа додека не го напиеја да не може да стане.
(се напие) Испие нешто во извесна или во доволна мера.
Албански: pin

напиток повеќе

Види и: напивка (ж.)
мн. напитоци
Вид збор: Именка, машки род
напивка

напои повеќе

напојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напои) Се насити со вода, со течност.
Албански: pi

натегне повеќе

натегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене (шише и сл.) да се напие.
Албански: ngren
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ја пофали ракијата и натегна малку.

натпива повеќе

натпиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие повеќе од друг.
Албански: pi më tepër
(се натпива) Се натпреварува во пиење.
Албански: garon në të pirë
Примери:
Пиеше од задоволство, а не за да се натпива со другите.

натпие повеќе

натпијат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие повеќе од друг, надмине некого во пиење.

отпие повеќе

Види и: пие (несв.)
отпијат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие мал дел од течност од полн сад.
Примери:
Отпиј од чашата.

пивка повеќе

пивкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие малку по малку.
Албански: pij nga pak

пивне повеќе

пивнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие малку течност.
Примери:
Пивнал малку винце.

пивнува повеќе

пивнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пивне
Примери:
Си пивнува винце.

пие повеќе

пијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Голта течност.
Српски: пити Албански: pi Бугарски: пия
Примери:
Пие вода, млеко, кафе, чај, лимонада.
Употребува алкохолни пијачки.
Албански: pi
Примери:
Не пие и не пуши.

пиење повеќе

Види и: пие (несв.)
мн. пиења
Вид збор: Именка, среден род
пие
Албански: pirje
Примери:
Пиење вода, вино, пиво.
пијалак
Албански: pije

пијалак повеќе

мн. пијалаци
Вид збор: Именка, машки род
Пијалак, обично алкохолен.
Албански: pije
Употреба: Гастрономија
Примери:
Продаваа разни пијалаци.
(само едн.) Пиење алкохол.
Албански: pije
Примери:
Удривме еден пијалак.

пијачка повеќе

мн. пијачки
Вид збор: Именка, женски род
алкохолни пијачки
Албански: pije alkoolike
Употреба: Гастрономија
Примери:
Мислата му беше во најслатките јадачки и пијачки.
пиење (обично алкохолно)
Албански: pije
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ќе падне една пијачка.
Нарачка пијалак за секој член од групата во ресторан.
Употреба: Гастрономија
Примери:
Тој ја плати пијачката.

питие повеќе

Види и: пијалак (м.)
мн. питија
Вид збор: Именка, среден род
пијалак
Примери:
Јастие (јасје) и питие - јадење и пијалак.

поднапие повеќе

поднапијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се напие, се опие малку, донекаде.
Примери:
Гостите се поднапиле и почнале да пеат.

понапие повеќе

Види и: поднапие (св.)
(се) понапијат
Вид збор: Глагол, свршен
поднапие

поопие повеќе

Види и: опие (св.)
поопијат
Вид збор: Глагол, свршен
Опие малку, во мала мера.
Употреба: Ретко
(се поопие) Се опие малку, во мала мера.

попие повеќе

попијат
Вид збор: Глагол, свршен
Пие, отпие малку од нешто.
Албански: pi pak
Примери:
Ќе појаде, ќе попие од виното и ќе си замине.
Испие се, до крај.
Албански: pi deri në fund
Примери:
Се дојале, се попиле.

потегне повеќе

потегнат
Вид збор: Глагол, свршен
пие, голтне
Албански: pi
Употреба: Разговорно
Примери:
Потегна од нашата ракија што стоеше на масата.

потпивне повеќе

Види и: пивне (св.)
потпивнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие малку.
Примери:
Потпивнаа од ракијата и пак продолжија со разговорот.

принапие повеќе

(се) принапијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се напие уште малку.
Примери:
Се пинапи вода да ја угасне жедта.

цврцка повеќе

цврцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие малку помалку.
Употреба: Разговорно
Примери:
Секој ден си цврцкаше.

цврцнува повеќе

Види и: цврцне (св.)
цврцнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие по малку.
Примери:
Си цврцнува ракија.

црца повеќе

црцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
цврцка, пивка
Албански: pij

шприцне повеќе

шприцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пивне малку.
Германски: spritzen
Употреба: Жаргонски збор
Примери:
Шприцнаа по неколку чаши ракија.